Компании од регионот бараат работници за одржување на бродови
Објавено во: Балкан 31 Август, 2016
Бродотрогир компанија од Хрватска бара повеќе стотици работници кои се неопходни за производство. Конкурсот не е временски ограничен, отворен е и за понатаму.
Имено, неопходни им се бродомонтери, бродоелектричари, бродобравари, заварувачи и мајсторски работниви, додека книгата со порачки е полна.
Освен локални нарачки, имаат порачки и од Финска, специјален такнер за навигација, а во план е опремување на уште еден МР танкер од 45 000 tdw, втор во серија два брода, од кои првиот е во завршна фаза на опремување.
Потпишана е и спогодба за изградба на серија од четири хемиски танкери за навигација во Северното море и Балтикот.
Вкупната вредност на инвестицијата е 200 милиони американски долари.
Не е задолжително, но добро би било работниците да имаат работно искуство, доколку немаат, се нуди можност за оспособување на работници во Установи за образување на „Бродотрогир“.