03 Мај, 2024
0.0262

Комерцијална Банка го прослави шеесетиот роденден

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка АД Скопје вчера го прослави својот шеесетгодишен роденден со слоганот „Заедно создаваме вредности“, јубилеј со кој можат да се пофалат само мал број институции во Македонија. По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј беше одржана свечена Академија.
За време на свеченоста пред поканетите акционери и бројните гости од земјата и странство, главен збор имаше Генералниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, г. Хари Костов кој истакна дека 60 години исуство е стекната доверба во строгите меѓународни финансиски кругови, воспоставени кореспондентски односи со реномирани странски банки, добро обучен персонал, јасна визија и стратегија на менаџментот се гаранција дека оваа банка ќе остане на врвот на пазарот во земјава.
Оваа банка е основана во 1955 година под името Комунална банка на Град Скопје а во текот на овие 60 години постоење досега неколку пати го променила своето име, со што денешното останало исто од 1989 година.
 „Во изминатите 60 години први во државата направивме многу работи кои не донесоа до врвот. Вистина е дека е многу потешко е да се остане горе отколку да се искачува“, порача главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов, кој посочи дека во почетоците од основањето на банката имало 80 вработени лица а денес околу 1100.
 Во врска со плановите за во иднина Костов посочи дека нивните стратегиски цели и во наредните пет години остануваат на цврсти економски принципи да се обезбедува максимална добивка на акционерите на долг рок и дека и во иднина ќе останат  независна приватна водечка банка на целата територија на Република Македонија за што ќе им помогнат европски стандарди, силно да ја зацврстат лидерската позиција во банкарскиот сектор. Банката заклучно со крајот на 2014 година достигнала актива од 92,8 милијарди денари, или пораст од 60,8 одсто а најголемо учество во вкупната актива од 51,4 отсто бележат нето кредитите одобрени на клиенти. Нивниот вкупен износ изнесува 47,6 милијарди денари.
Во 2014 година банката забележала пораст на депозитите во услови на засилена конкуренција и намалени каматни стапки. Така вкупните депозити на крајот на 2014 година достигнале износ од близу 80 милијарди денари, при што доминантна категорија и натаму се  депозити на домаќинствата кои изнесуваат 59 милијарди денари. Од аспект на валутната структура, учеството на денарските депозити е поголемо и изнесува 54 отсто. Банката работи со повеќе од 41.000 корпоративни клиенти и со 890.000 граѓани и има 85.000 корисници на услуги на интернет и 4.200 корисници на новите услуги на мобилното банкарство. Комерцијална банка АД Скопје е на прво место во  државата во неколку значајни категории, како што се големината на вкупната актива, депозитите на домаќинствата, одобрените кредити на нефинансиски правни лица, финансирање на надворешно-трговското работење и бројот на отворени денарски сметки на правни лица, додека според големина на капиталот е втора по вредност.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор