26 Април, 2024
0.0288

Комерцијална банка потврди дека пропаднале разговорите со Еуростандард

Објавено во: Финансии 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Откако бизнисменот Трифун Костовски во интервју за Фактор објави дека неговата Еуростандард банка нема да се продава на Комерцијална банка, бидејќи двете страни не се пронашле во разговорите, и Комерцијална банка ја извести јавноста дека почетните разговори се прекинати, поради, како што велат, очигледните разлики во вреднувањето. 

Од банката оваа објава ја дадоа како ценовно чувствителна информација преку Македонската берза.

Во врска со претходната објава на Комерцијална банка АД Скопје за разгледување на можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации, поради очигледните разлики во вреднувањето“, се вели во известувањето од Комерцијална банка. 

Но, интересно е што од Комерцијална банка, во својата објава до јавноста, нагласуваат уште една работа, а таа е дека одобриле кредит од 10 милиони евра на компанијата на бизнисменот Трифун Костовски.

Наместо тоа, а на нивно барање, Комецијална банка АД Скопје одобри долгорочен кредит во износ од 615.000.000,00 МКД (шестотини и петнаесет милиони денари) на Друштвото за трговија и услуги ГОФИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, како должник, и ГОФИ-ГРОУП ОФ ФАИНЕНС АНД ИНВЕСТМЕНТ СА (GOFI-GROUP OF FINANCE INVESTMENT SA), како заложен должник“, информираат од Комерцијална банка.

Оттаму додаваат и дека овој кредит ќе биде обезбеден со залог над акции од Еуролинк осигурување.  

„Долгорочниот кредит е обезбеден со залог од прв ред над 3.200 обични акции со номинална вредност од 1.000 евра по акција, издадени од ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и друг недвижен имот“, известуваат од Комерцијална банка.

А во интервјуто дадено за Фактор, бизнисменот Костовски обзнани дека разговорите со Комерцијална банка почнале кога банката минувала низ тежок период, но не се нашле во проценките. Сега, вели Костовски, банката е докапитализирана, и стабилна. 

„Банката објективно минуваше низ еден тежок период. Тогаш влеговме во преговори и потпишавме спогодба за евнтуално меѓусебно договарање со Комерцијална банка за наше преземање. Меѓутоа, не се најдовме тука, и едноставно секој тргна по својот пат. Денеска банката е веќе стабилизирана, докапитализирана, таа е функционална, и очекувам дека со тек на време ќе ги надминеме сите оние лоши пласмани во правни лица. Имаме нов менаџмент, кој треба да биде комплетиран до крајот на оваа година, кој ќе ја преземе работата на банката. Комплетно ќе се менува целата структура на самото функционирање на банката, а со кое исклучиво ќе бидеме повеќе експонирани кон индивидуалните кредитоспособни коминтенти“, рече Костовски. 

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната