17 Август, 2018
0.2535
    ALK 7950    -0.62%     GRNT 800    -0.6%     OHB 6500    -0.01%     RMDEN17 96    -0.1%     STB 1034.74    0.43%     STIL 131.22    -1.34%     UNI 2400    0.04%

Ексклузивно: Комерцијална банка ја купи Тиранската банка

Објавено во: Финансии 08 Август, 2018

Македонската „Комерцијална банка“ и албанската компанија „Балфин груп“ ја преземаат Тирана банк. Договорот за купопродажба на сите акции веќе е потпишан, а според соопштението од Балфин груп, мнозинството акции ќе го има оваа фирма.Досега сопственик на капиталот беше грчката Пираеус

Балфин и Комерцијална банка имаат долга историја на соработка во Македонија, а ова е прво заедничко работење во Албанија.

„Балфин и Комерцијална банка планираат да ракуваат со банката преку професионалци  кој ќе ги води меѓународен борд и банката ќе продолжи да ги проширува банкарските активности во Албанија. Тиранската банка отсекогаш била носител на финансискиот развој на Албанија, таа беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и персонал, Тирана банка е една од најдобрите банки во Албанија“, стои во соопштението од Балфин груп.

Балфин груп е една од најголемите компании на Балканот, а воинвестициското шпортфолио се сите земји од регионот,односно Албанија, Косово, Макеоднија, БиХ, Црна Гора, но и Австрија и Велика Британија.

Комерцијална банка е водечка банка во Македонија, но една од најголемите во Југоисточна Еврoпа.

Инаку Балфин груп е новиот сопственик на земјиштото кај Скопски саем во Скопје. Првично оваа фирма го изгради и Сити мол, но го продаде во 2016 година.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Колку пива и сокови продава дневно „Прилепска пиварница“?

Колку пива и сокови продава дневно „Прилепска пиварница“?

Колку просечно чека една фирма за да си го наплати долгот?

Колку просечно чека една фирма за да си го наплати долгот?

АЛАРМАНТНО: Им фалат бравари, заварувачи, градежници

АЛАРМАНТНО: Им фалат бравари, заварувачи, градежници

НАЈСИЛНИ ПРОДАЖБИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ: Како најбогатото семејство во светот стана побогато за 11,6 милијарди долари?

НАЈСИЛНИ ПРОДАЖБИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ: Како најбогатото семејство во светот стана побогато за 11,6 милијарди долари?

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Како до поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Како до поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Се бара работник во Бекингемската палата, платата е примамлива

Се бара работник во Бекингемската палата, платата е примамлива

ЗАДОЛЖЕНИ ДОМАЌИНСТВА: Четири отсто од семејниот буџет го даваме за кредитни рати

ЗАДОЛЖЕНИ ДОМАЌИНСТВА: Четири отсто од семејниот буџет го даваме за кредитни рати

По колку пари од семејниот буџет трошиме месечно за кредити

По колку пари од семејниот буџет трошиме месечно за кредити

ПИШИ БРИШИ: Кој ќе го снема од избирачкиот список?

ПИШИ БРИШИ: Кој ќе го снема од избирачкиот список?