27 Април, 2024
0.0275

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка АД Скопје на 27.03.2024 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2023 година со бруто-добивка во износ од 3.912,6 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 331,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 3.581,4 милиони денари. 

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 3.581,4 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 91% од номиналната вредност на акцијата, односно 910 денари за една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 25.04.2024 година.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.377,4 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 130 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2024 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои и финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка за 2023 година, Годишниот извештај за работењето во 2023 година и именуваше членови на Надзорниот одбор на Банката за следните четири години.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком