06 Мај, 2024
0.0237

Колку Владата ја чини јавното информирање?

Објавено во: Економија 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Од финансиските показатели повеќе од јасно е дека без субвенции од својот акционер МИА нема да може да функционира, да продуцира и да ги одржува своите информативни сервиси. Соодносот на приходи од претплата за сервисите и субвенциите од Владата се во следна корелација: на еден денар од претплата Владата донира 6 денари

Владата на Република Македонија во периодот од почетокот на 2015 година до крајот на 2017 година исплатила 2 милиони евра субвенции на Македонската информативна агенција (МИА), компанија специјализирана за информирање со целосна сопственост на Владата, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на независната ревизија за периодот: 2015, 2016 и 2017 година.

МИА е единствена државна информативна агенција во нашата земја. Таа има повеќе информативни сервиси и продуцира најмногу информативни содржини кои преку претплатени сервиси ги користат медиуми и други корисници во земјава и во странство. МИА заради субвенциите кои ги добива има обврска да има најголема продукција на вести, најголема дописна мрежа во споредба со сите други медиуми во земјава и покрива голем дел или речиси сите настани кои се случуваат на дневно ниво.

Како работела МИА во последните три години?

Приходите на МИА во последните три години имаат мала варијација. Компанијата во овој период работи успешно благодарејќи на владините субвенции, а сите три години ги заврши со добивка од своето работење. Бројот на вработени од 2015 година до крај на 2017 година се движи од 69 до 72 лица од кои поголем дел се новинари. Најголема расходна ставка се трошоците за вработените т.е. бруто платите. Лани приходот на МИА изнесувал 803.300 евра, нејзините расходи биле 760.500 евра, а агенцијата годината ја завршила со нето добивка од 38.100 евра што е најдобар финансиски резултат во сите три години. Добивката во 2015 година била 7.540 евра, а во 2016 година била 2.470 евра. 
Од продажба на своите вести и сервиси МИА лани имала приходи од 134.620 евра и тие се пониски од 2016 година кога изнесувале 145.850 евра, кои пак се пониски од 2015 година кога биле 149.540 евра. За продукција на услугите т.е. вестите за кои лани се инкасирани 134.620 евра, бруто платите на сите вработени лани изнесувале 495.000 евра. Токму затоа Владата лани донирала 667.000 евра. Иста сума пари е донирана и во 2016 година. Субвенциите за 2015 година се 653.660 евра.

Најголема расходна ставка се трошоците на вработените. Лани тие изнесувале 567.000 евра. Тие се помали од трошоците за оваа ставка во 2016 година кога достигнале 591.000 евра. Во 2015 година овие трошоци изнесувале 561.200 евра. Лани просечната бруто плата по вработен во МИА изнесувала 565 евра.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот