Кoлку Украинци и Руси одморале во Македонија?
Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 07:34
Во Македонија годинава допатувале руски, но и украински туристи иако тие се во помал број.
Се очекуваше дека Украинците и Русите ќе ги нема во земјава како туристи поради војната во Украина која трае со месеци, но бројките покажуваат дека имаме посетители од овие две земји. Сепак, нивната бројка е неколку пати помала од порано.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), заклучно со месец jуни во Македонија дошле 1.207 украински туристи и 1.426 руски. Хотелиерите претходно прогнозираа дека овие туристи ќе недостигаат во Македонија, но и во регионот од причина што во услови на војна, луѓето гледаат да се спасат и да се засолнат на безбедно, а Македонија се приклучи на санкциите кон Русија, и тоа ги залади односите меѓу двете земји.
Влатко Сулев, претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам вели дека ако немаше војна во Украина, ќе имавме добра бројка на руски и украински туристи. Тоа го поткрепува со фактот дека имаше летови до Москва и Санкт Петербург, и тоа беше добра основа и Русите да доаѓаат овде, и Македонците да патуваат во Русија. За Украинците објаснува дека во земјава доаѓале претежно со автобуси.
„Нивното отсуство се чувствува на терен и не може да се најде замена за овие туристи, затоа што туризмот се планира година дена однапред. Посетите од Русите можеа да бидат на ниво како Холанѓаните, но се случи војната. Србија беше цело време отворена за Русите, и можно е ако веќе правеле тура во Србија, дел од нив да ја посетиле и Македонија. Инаку, во повеќе наврати ни беше соопштен податок дека само 10 отсто од Русите патуваат надвор од својата земја“, рече Сулев.
Од Здружението за туризам и угостителство Крушево велат дека 10 години по ред имало гости од Украина, но сега скоро и да ги нема.
„Украинците мислам дека почесто доаѓаа за разлика од Русите, го имаа откриено Крушево како дестинација, а сега и да дошол некој, тоа било изолиран случај“, додаваат од ова здружение.
Од Општина Крушево потврдуваат дека на параглајдерските купови годинава скоро и да немало Украинци.
„Ова лето имаше една група Украинци која беше дојдена преку еден проект во Крушево, и тоа беа неколку лица од Киев, но кај параглајдерите имаше отсуство“, вели Сотир Габелоски, лице за односи со јавност во Општина Крушево.
За споредба, лани во земјава имало 9.927 гости од Украина, и 7.474 Руси. Во 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот, земјава ја посетиле 1.047 руски туристи и 1.043 украински гости.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




