26 Април, 2024
0.0278

Колку ќе се троши против загадувањето, а колку ќе не чини јавната администрација: Анализа на буџетот во кој растат трошоците за стоки и услуги

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Треба да е буџет на здравствена поддршка, ама и на економско закрепнување. Во државната каса за следната година сепак има пари за старо нови капитални проекти односно тие кои со години се во проекциите. Предвидени се пари за чистење на линданот во Охис, ама не се потенцира точно колку. Ќе има ли здив економијата да ги исполни владините очекувања. Буџетот за следната година веќе стаса во Собрание и јавно е објавен – Фактор анализира некои детали.  Од владините програми кои се позначајни се тие за ЕУ интеграција, безмалку 78 милиони евра. Владата планираше да се справи со превработеноста во јавната администрација ама нови отпуштања не се најавени. За реформата се предвидени 9,3 милиони евра од кои најмногу за правична застапенсот на вработувањата дури 8,1 милион евра. Владата предвидела за справување со Ковид-19 безмалку 84 милиони евра, а за програмата за намалување на загадувањето само 1,3 милион евра. За привлекувањето на странски инвестиции се ппланирани пак осум милиони евра.

КАДЕ ЌЕ СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ?

Во услови на кризна претходница – во 2021 година се очекуваат поголеми приходи, ама за на расходната странма ќе има намалување за 2,1 процент. Или в година државата ќе потроши 4,025 милијарди евра. Од сите расходи најглемо намалување имаат трансферите и субвенциите, но секако сумата за стоките и услугите не оди надолу, туку напротив. Државата ќе ги зголеми трошоците за стоки и услуги следната година и тоа за дури 18,6 проценти повеќе од годинава. Во образложението се наведува дека за то аима клучни потреби, а кои значат и кратење на непродуктивните трошења.

„Расходите за стоки и услуги се проектирани на ниво од 21,3 милијарди денари, со што ќе се обезбеди редовно и непречено подмирување на обврските на буџетските корисници со сведување на минимум на сите помалку продуктивни трошења од Буџетот, обезбедување на средства за здравствена заштита на населението, спроведување на локалните избори и пописот во 2021 година, како и исполнување на НАТО стандардите, стои во буџетот.

Вкупните социјални трансфери изнесуваат 120,6 милијарди денари ( 1,9 милијарди евра) од кои пензиите ќе ја чинат државата една милијарда евра, а надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението наменети се средства во износ од 10,5 милијарди денари. Во нив ќе има пари и за реформата на системот за социјална заштита преку воведување на гарантиран минимален приход.

Државата ќе потроши за плати 31,4 милијарди денари, при што вели дека останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на стандардот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи,

Капиталните инвестиции тие со кои државата и годинава мака мачеше да ги реализира сега за следната година се планирани со зголемен износ - 23 милијарди денари или за 20 проценти  повеќе од лани. Меѓу проектите секако с етие за кои слушаме со години – Во делот на патната инфраструктура со кредитни средства предвидено е изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, изградба на автопатска делница Кичево-Гостивар, финансирање на патниот коридорот 8 преку делницата Куманово-Ранковце, Ранковце-Крива Паланка, Крива Паланка до границата со Бугарија, финансирање на делницата Кичево-Охрид, Штип-Радовиш, проширување на автопатот Тетово – Гостивар. МИнистерството за финансии во буџетот го има сместено и проектот за воведување брз автобуски превоз на територијата на Градот Скопје, но освен тоа дека кој ќе значи две нови линии за брз автобуски превоз за да се подобри еколошката состојба во Градот, нема други детали.

Во енергетската инфраструктура, проекти кои се предвидени да се финансираат се проектите кои ги имплементираат АД ЕСМ и АД МЕПСО и тоа: Ветерен парк Богданци фаза 2, Топлификација на Битола, 400 kV интерконекција Македонија (Битола) – Албанија (Елбасан), Фотонапонска Електрана Осломеј, Ветерен парк Миравци, Проект за чистење на линдан (ОХИС) , Проект Фотонапонски електрани Осломеј 2 и Фотонапонски електрани Битола.

КОЈ СЕ ЌЕ ПРИХОДУВА

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и се за 8,3 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс годинава.

Државата планира да ја подобри наплата на даночните приходи,  а во буџетот стои дека ќе има поголем даночен опфат, фер и олеснети административни процеси, како и поддршка на приватниот сектор, што би резултирало со намалување на даночната евазија. Власта очекува  јакнење на механизмите за намалување на неформалната економија.

Даночните приходи за 2021 година се планирани во износ од околу 118 милијарди денари а најголемо учество ќе има данокот за додадена вредност. Во Буџетот за 2021 година планирано е околу 17 милијарди денари да се остварат по основ на неданочни приходи (административни такси, концесии и други неданочни приходи) и 3,2 милијарди денари како капитални приходи (по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком).

Премиерот Зоран Заев веќе објави дека државата планира на продава и државни компании, а во игра за продажба се „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“. Сепак ќе се нудат на продажба и Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.

Премиерот Заев вели дека анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 –та“. Тој рече и дека очекува 20 до 40 милиони евра од регистрирање на автомобилите со странски таблички.

БУЏЕТСКИ МИНУС И ПАРИ ОД ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Премиерот Зоран Заев и министерот  за финансии Фатмир Бесими веќе изјавија дека парите кои ќе недостигаат во буџетот ќе се обезбедуваат со позајмување. Планиран е буџетски минус од 34,9 милијарди денари (567 милиони евра), а државата следната гоидна ќе треба да врати надворешен долг во вкупен износ од 37,2 милијарди денари додека домашен долг кој стасал за враќање изнесува 6,1 милијарди денари.

Следната година државата дома ќе се задолжи во вкупен износ од 23 милијарди денари, а ќе се обезбеди преку задолжување со ДХВ. Задолжувањето во странство може да се реализира преку издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Планиран е и предвремен откуп на долг.

 Државниот долг на крајот на септември изнесува 5.573,1 милиони евра, односно 51,5 проценти од БДП, додека јавниот долг е 6.571,5 милиони евра или 60,7 прценти од БДП. Согласно со проекциите на Министерсвтото за финансии, државниот долг на крајот на 2020 година ќе треба да се намали до 51,2 проценти додека додека јавниот долг ќе изнесува 60,8 отсто од БДП.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката