15 Декември, 2025
0.5284

Колку пари врти „СИЛБО“ од буреци, леб и пецива?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018 07:29

Добивај вести на Viber

Најбрзорастечкиот скопски бренд за бурек, пецива и леб „СИЛБО“ е сопственост на две фирми кои ги имаат двајца браќа од Стајковци: Силјан и Боби Милеви. Лани под брендот „СИЛБО“ двете фирми имале вкупно приходи кои надминуваат 3,3 милиони евра

Еден од најпознатите и најбрзо растечки скопски брендови за леб, бурек, пецива  „СИЛБО“ лани преку своите две фирми свртел вкупно 3,35 милиони евра, покажуваат официјалните податоци достапни во базата на Централниот регистар.

Еден од најпознатите скопски брендови кој секојдневно храни илјадници скопјани всушност е сопственост на две фирми, сопственост на двајца браќа од скопски Стајковци. Асоцијацијата на брендот „СИЛБО“ всушност се првите слогови од имињата на браќата Силјан и Боби Милеви.

Секој од двајцата браќа поседува по една фирма. Силјан е сопственик и управител на „Жито Скопје Силбо ДООЕЛ“ постарата од двете фирми која е формирана 2.10.2008 година. Основачкиот влог е 320.000 денари, а на крајот на 2017 година оваа компанија има главнина и резерви во вредност од 926.000 евра. Во споредба со 2016 нивната вредност лани пораснала за повеќе од 120.000 евра. Оваа фирма лани вработувала 80 лица, а нејзиниот вкупен приход е 2,26 милиони евра и во споредба со истиот во 2016 година е помал за околу 300.000 евра. Фирмата на Силјан лани имала добивка од 132.700 евра, а во 2016 година нејзината добивка изнесувала 329.300 евра.  Оваа фирма има две подружници од кои едната е прославената бурекџилница во Дебар Маало со назив Фурна СИЛБО, а втората е со исто име и со додава ТЦ Бисер во скопската општина Аеродром. 

Помладиот брат „Жито Клас СИЛБО“ е основана на 25 март 2009 година и е во целосна сопственост на другиот брат Боби Милев. Нејзината дејност е посредување со трговија со храна, пијалоци и тутун. Таа има една подружница која се вика Пекара Жито Клас СИЛБО и е со седиште во Горно Лисиче. Приоритетна дејност и е трговија со леб, печива.... И оваа фирма е основана со влог од 320.000 денари, а на крај на 2017 година вредноста на нејзината главнина и резерви изнесува 191.000 евра и е приближно иста со вредноста на нејзините резерви една година порано. Лани оваа фирма вработувала 60 лица, а нивниот број во однос на 2016 година е зголемен за 46 луѓе. Вкупните приходи на „Жито Клас СИЛБО“ лани се 1,088 милиони евра и во споредба со 2016 година тие растат за безмалку 30 отсто. Со исто темпо растеле и расходите и така фирмата лани завршила со добивка од 2.400 евра. 

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден