15 Декември, 2025
0.0486

Колку отштета исплати Македонија по налог на Стразбур

Објавено во: Финансии 31 Мај, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Македонија во 2018-та требало да им исплати вкупна отштета од 124 илјади евра на физичките и правни лица кои претходно повеле спор против својата држава пред Европскиот суд за човекови права  Во износите за обештетување е опфатена нематеријалната, материјалната штета и трошоците досудени со пресудите и одлуките во Стразбур. Ова го вели статистиката на Комитетот на министри при Советот на Европа за 2018 година во однос на Северна Македонија, објавено во извештајот на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП.

Може да се забележи дека расте сумата која е предвидена да се исплати по одлуките во Стразбур во однос на претходните две години. Во 2017 вкупната сума била 87,5 илјади евра, додека во 2016 изнесувала 103 илјади евра. Убедливо највисоките суми се платени во 2012, 2013 и 2014 кога изнесувале помеѓу 301 и 353 илјади евра годишно.

Во случаите за исплата е и Петар Карајанов, кој во 2013 беше прогласен за соработник на македонските безбедносни служби, иако тврдеше дека постои друго лице со ист идентитет.. Има пресуда и за нерегистрирањето на ПОА (Грко-православната Охридската архиепископија). Меѓу нив е и предметот на актуелниот заменик-министер за животна средина Јани Макрадули против поранешниот директор на УБК,

Останатите добиени предмети против државата се однесуваат на несоодветно постапување на полицијата и другите безбедносни служби, неоправдано лишување од слобода, неефективни истраги,невраќање на ДДВ, недостапност на судовите и управните постапки, негрижа од страна на државата за правото на живот итн

Во 2018-та биле отворени 23 нови предмети, односно 12 повеќе во однос на една година претходно. Минатата година исто така биле донесени 23 финални резолуции (одлуки). Во текот на минатата година 11 исплати биле извршени во законски рок, само една била со задоцнување, а за 14 се чекало потврда до последниот ден од 2018-та.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари