Колку нафта ќе се троши глобално во 2017 година?
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2016
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми прогнозата за глобалната побарувачка на нафта за 2017 година.
Истото важи и за до крајот на деценијата. Се очекува дека поевтината нафта ќе ја зголеми потрошувачката и покрај забавувањето на економскиот раст, пишува Bloomberg.
Побарувачката на нафта ќе изнесува 95,3 милиони барели на ден догодина, стои во годишниот извештај на групата World Oil Outlook, претставен денес. Тоа е за 300.000 барели на ден повеќе за разлика од ланската прогноза.
ОПЕК ги зголеми очекувањата и за потрошувачката на нафта за 2018, 2019 и 2020 година до 98,3 милиони барели на ден. Тоа е за 900.000 барели на ден повеќе претходните прогнози.
ОПЕК од друга страна, ги намали оценките за цените на нафтата за 20 долари за барел за секоја година од 2016 до 2020 година во однос на претходните проекции. Се претпоставува дека суровата нафта ќе биде во просек 40 долари за барел во 2016 година и ја зголеми прогнозираната цена за по 5 долари за барел во секоја следната година до 2020 година.
Цената на нафтата од сортата Брент годинава била во просек 44 долари за барел.
Ријад ќе го зголеми своето производство на нафта до 12 милиони барели дневно и со тоа да ја урне цената на „црното злато“.
Саудиска Арабија би можела повторно да почне да го зголемува производството на нафта и со тоа да ја турне надолу цената на „црното злато“ на светските пазари.