26 Април, 2024
0.0268

Колку може да даде, но колку дивиденда ќе дели „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Акцијата на „Македонијатурист“ на секој инвеститор односно акционер ќе му донесе 3 евра дивиденда односно поточно 187 денари во нето износ. Во споредба со пазарната цена на таа акција за последниве 6 месеци дивидендата е принос од околу 4 отсто. Подобро од банкарските камати, но „Македонијатурист“ станува неконкурентна на другите акции...

Секоја акција на „Македонијатурист“ носи дивиденда од 187 денари, ова е најновата вест за претстојното акционерско собрание на најголемата домашно поседувана хотелиерска компанија за распределба на добивката од 2017 година. Бруто дивидендата по акција изнесува 208 денари. Вкупно во дивиденда „Македонијатурист“ ќе распредели 84,7 милиони денари. Од вкупната добивка остварена лани околу 25 милиони денари ќе бидат распределени за нови инвестиции.

Во предлог одлуката е наведено дека уште 300.000 денари ќе бидат распределени по одлука и Статут и тие се дел од ставката од 17,4 милиони денари пари наменети за распределба по одлука и Статут. Рестото до 17,4 милиони денари односно речиси 17,1 милиони денари „Македонијатурист“ ќе ги повлече од својата нераспределена добивка остварена пред 2008 година!!! Многу важен момент кој според нашите податоци е преседан во акционерската пракса на оваа компанија во последниве 5 години.

 „Македонијатурист“ е една од најстабилните акции на домашниот пазар препознатлива по тоа што со години наназад дели дивиденда на своите акционери. Она што го сакаат фондовите е тоа што таа компанија има многу предвидлива дивидендна политика. Нешто на што може да се смета. Но веќе станува отворено прашање одржливоста на приходите и конкурентноста на компанијата на домашниот угостителско-хотелиерски пазар.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката