Колку мигранти ќе депортира Трамп?
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Доналд Трамп, новиот претседател на САД планира да депортира до 3 милиони илегални имигранти, стана јасно од интервјуто на милијардерот за CBS.
„Она што ќе направиме е да ги земеме луѓето кои се криминалци и имаат криминални досиеја, членови на групи, дилери на дрога, многу од овие луѓе, можеби 2 милиони, можно е дури и 3 милиони, да ги тргнеме од нашата земја или ќе ги затвориме" -изјави Трамп.
Тој повтори дека треба да бидат протерани, бидејќи се нелегално во земјата.
Според републиканецот, откако границата е безбедна, властите ќе почнат да ги проверуваат останатите имигранти без документи во земјава.
Трамп потврди уште еднаш дека има намери да изгради ограда на границата со Мексико. Според зборовите на бизнисменот дел од неа може да биде ѕид, а каде е можно ќе се постави жица.