Колку луѓе во Германија се корисници на социјална помош?
Објавено во: Економија, Свет 29 Ноември, 2016
Во Германија околу 8 милиони луѓе примаат социјална помош.
Бројот пораснал поради мигрантскиот бран во земјата. Лани право на азил добиле речиси милион луѓе.
Властите се загрижени поради зголемениот број на пензионери и вработени кои земаат финансиска помош од државата.
Во Берлин и вo Бремен има најмногу корисници на социјална помош. Таму е наjкритично бидејќи речиси 20% од граѓаните добиваат социјална помош од државата.
Според податоците од германскиот завод за вработување, што ги објави таблоидот „Билд“ во август годинава, меѓу републиките на поранешна Југославија, Србија убедливо е првото место според бројот на лица што во Германија добиваат социјална помош, а се работи за нешто повеќе од 55.000 Срби, пренесува „Дојче веле“ Сè помалку Германци добиваат социјална помош.