25 Април, 2024
0.0320

Колку „кошта“ белата линија на Гајур Кадриу?

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Бојата, разредувачот и перлата со кои се бележи бележат патиштата кои ги одржува „Македонијапат“ чинат половина милион евра. Во тендерот не пишува за колку километри бела линија ќе се потрошат овие тони боја. Но затоа пак на веб страната на „Македонијапат“ директор Гајур Кадриу пишува „Со мое големо залагање, ова ќе биде година на Македонијапат“!

„Македонијапат“ ќе плати безмалку половина милион евра за набавка на материјал за тенкослојна ознака на коловоз односно бела боја, перла и разредувач со кои се одбележува белата линија на магистралните и регионалните патишта низ земјава за чие одржување е задолжена „Македонијапат“. На тендер „Македонијапат“ набави 106 тони бела боја, 17 тони разредувач и 31 тон перла (рефлексит). За оваа набавка „Македонијапат“ ќе плати 481.000 евра (цената е без ДДВ) на скопската фирма „Крафтинг Груп“ од Скопје. Набавка е планирана за една година да ги задоволи потребите за боја за белата патна линија.

Според дадената спецификација, во која не пишува за колку километри пат е потребно ова количество боја, разредувач и перла пишува дека тон боја чини 3.305 евра, тон разредувач чини 4.493 евра, а тон перла чини 1.749 евра. Стоката „Македонијапат“ ќе ја нарачува сукцесивно, согласно со потребите, а операторот е должен да ја достави во секцијата „Прилеп“ во рок од 7 дена од направената нарачка. Бојата треба да ги задоволува стандардите MKC EN 1436+A1:2009 или еквивалентно.

Што работи „Македонијапат“

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои позначајни се: редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, проектирање на помали објекти на патиштата, асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки, проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на патишта, автоматско и рачно броење на сообраќајот, катастар на патишта и мостови, информативна служба за состојбата на патиштата и друго. Јавното претпријатие одржува повеќе од 4.400 километри патишта ширум Македонија. Според тоа што го пишува на веб страницата на „Македонијапат“ претпријатието одржува 294 километри автопат и уште над 1.100 километри регионални и магистрални патишта. Фирмата е организирана во пет подружници: Автопат, Скопје, Велес, Битола и Штип. Најмногу километри одржува подружницата „Битола“ – 1.300 и тоа на делниците: Плетвар, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид и Струга. Подружница Скопје ги одржува делниците: Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово и Крива Паланка во должина од 1.149 километри. Подружница Штип одржува 1.011 километри и тоа на делниците: Кратово, Штип и Струмица. Подружница Велес одржува 662 километри на делницата Велес – Гевгелија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?