27 Септември, 2023
0.0243

КОЛКУ ЌЕ ТРАЕ ИНФЛАЦИЈАТА ВО СВЕТОТ И ВО ЕВРОПА: Стравот од стагфлација е реален, ова се проценките на експертите

Објавено во: Економија 22 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Последиците од украинско-рускиот конфликт стануваат се повидливи, не само во политичката, туку и во економската сфера на светот, а доколку тој не престане, сеништето на инфлацијата ќе го покори светот.

Дека има елементи за загриженост потврдуваат и статистичките податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во март изнесувала 7,5 отсто, што е највисока стапка од 1997 година, кога почнала да се води статистика.

Ниту во Америка ситуацијата не е подобра, а светските и домашните економисти предупредуваат дека поради ваквата состојба можна е стагфлација, која може да настане доколку инфлацијата продолжи да јакне. За да се избегне „пандемија на стагфлација“, експертите велат дека се потребни измерени финансиски и вешти економски стратегии за да се запрат постоечките негативни трендови.

Сите овие негативни настани се условени од војната во Украина, а највидливи се во енормниот раст на цените на енергијата и храната.

Српскиот економски аналитичар, Александар Влаховиќ, претседател на Здружението на економисти на Србија, вели дека прогнозите се неблагодарни токму поради неизвесноста на настаните во Украина, но дека е извесно дека ситуацијата на глобално ниво ќе ги одреди настаните во поедини економии.

- Би останал на оценката на ММФ, чија проекција е дека просечната инфлација на европско ниво годинава ќе биде 5,5 отсто и дека следната година треба да падне под 3 отсто. Што се однесува до Србија, таа годинава треба да биде околу 7,7 отсто, а во 2023 година околу пет, можеби и пониска. Важно е да се каже дека Европската централна банка до крајот на годинава ќе ја стопира програмата за олеснувања или „испумпување“ пари за помош на стопанството и дека паралелно со тоа ќе се зголемува и референтната каматна стапка. Тоа значи и раст на цената на кредитите, што веќе се случи во Америка бидејќи ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка. Друга карактеристика што се очекува е ниската стапка на економски раст - објаснува Влаховиќ за „Блиц Бизнис“.

На прашањето дали поради сето тоа ќе има опасност од стагфлација, Влаховиќ вели дека стравот од нејзино појавување е реален.

- Во Европа постои страв од стагфлација и не верувам дека американската економија ќе биде во таа зона, бидејќи влијанието на руската агресија врз Украина е најизразено на стариот континент поради неговата енергетска поврзаност со Москва. Минатата година Русија испорача 160 милијарди кубни метри гас во Европа, што е 40 отсто од вкупната потрошувачка. Таа енергетска врска меѓу Русија и Европа е значително повисока отколку што е случајот со САД и затоа овој инфлаторен удар е поизразен на стариот континент. Од друга страна, прекинот на синџирите на снабдување и губењето на рускиот пазар може значително да влијае на забавувањето на економската активност во Европа во споредба со сите други делови на светот - вели Влаховиќ и додава:

- И ММФ излезе со песимистички прогнози кога е Европа во прашање и прогнозира дека економскиот раст годинава ќе биде 3 проценти во еврозоната и помалку. Поради сите овие настани, јасно е дека најголем страв од стагфлација има во Европа, а значително помалку во Америка, односно Азија и другите делови на светот. Тоа е многу веројатно да има влијание врз земјите во развој, односно оние кои имаат растечка економија, но недоволно развиени, каде што ефектот исто така ќе биде голем. 

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Можеби ќе ве интересира

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

Турската лира колабира во однос на доларот

Турската лира колабира во однос на доларот

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра