Koлку ќе нè чини тегла ајвар годинава и дали ќе се исплати да правиме?

Објавено во: Економија 17 Август, 2022
Дали оваа зима ќе имаме ајвар на трпезите како претходните години или ќе правиме во помали количини? Има семејства кои досега правеле по 20, 30 тегли ајвар, но сега се двоумат поради скапотијата.
Катерина Василеска од Охрид која се занимава со производство на зимници објаснува дека за да се добие една голема тегла ајвар се трошат 2 килограми пиперки, но важен е и квалитетот. Дополнително потребно е масло, и други мирудии, се троши електрична енергија или пак дрва за огрев и тоа секако ја крева цената на производот.
„Пиперките не се толку скапи, колку што маслото за јадење е поскапено. Јас оваа година една голема тегла ајвар планирам да ја продавам по 400 денари. Очекувам дека луѓето помалку ќе купуваат, затоа што за тие пари можат да купат други намирници“, кажа Василеска.
Земјоделците од струмичкиот регион велат дека пиперките за ајвар веќе ги има на дел од пазарите во земјава, и се продаваат по цена од 40 до 45 денари за килограм. Објаснуваат дека иако не е како лани, сепак ајварка ќе има во доволни количини. Дел од неа ќе заврши за извоз во Словенија, Хрватска, Полска. Борче Јанев, претседател на Здружението на земјоделци Проагро фармери од Струмица вели дека повеќето земјоделци садат ајварка и зелка, и овој вид пиперка ќе го има на пазарите во потребните колични. Но, од понеделник се очекува нова цена.
„Околу 80 отсто од земјоделците садат зелка и ајварка, затоа што таа е полесна за одгледување, помалку бара хемиска заштита, за разлика од доматот или краставицата. Македонската ајварка се бара во Хрватска, Полска, Германија, Романија. Ако се погледне дека сè друго е поскапено, ајварката нема да биде скапа“, рече Јанев.
Бончо Божиков, земјоделец од струмичкото село Дабиле смета дека оваа сезона ајварката не треба да падне под 35 денари за килограм за да им се исплати трудот. Објаснува дека првата берба, односно најквалитетните пиперки одат за извоз во странство.
„На некои пазари веќе ја има ајварката, на некои уште не се продава, но околу 1 септември масовно ќе почне бербата и до 10 септември ќе биде ударно, затоа што во тој период се прават зимниците“, раскажува Божиков.
Во Македонија годишно се произведуваат околу 50 илјади тони ајварка. Таа има долга традиција во македонското поднебје.
Сања Атанасовскаphoto freepik.com/svetlana_cherruty
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ИНТЕРВЈУ БЕСИМИ: Буџетот за идната година не е предизборен, со него ќе ја доведеме економијата во „мирни води“, а потоа и ќе го забрзаме растот

К-15 од 2 милиони евра легна на сметките на полицајците

Недостиг на работна сила: Тренчевска оди во Будимпешта

Управниот одбор на Комората зајакнат со два нови подпретседатели и три нови члена

Кој „ископа“ џек пот во РЕК Битола? Ќе наплати 97 милиони евра од тендери во 2 години!

Легализацијата на дивоградбите продолжува, но за многу поскапо

ОСТРАТА ЗИМА ГИ НАМАЛИ ЗАЛИХИТЕ: Еве колку гас троши Европа

НАЈВЕЛИКОДУШНИОТ БРИТАНЕЦ, СЕПАК, МИСЛЕЛ И НА СЕБЕ - си исплатил повеќе од еден милион фунти за секој работен ден

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето
