06 Мај, 2024
0.1436

Колку гас трошат европските домаќинства, а колку македонските?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Додека во Европската Унија природниот гас покрива повеќе од една третина од енергетската потрошувачка на домаќинствата, синото гориво во македонските домови речиси не се користи, па затоа во официјалната статистика воопшто не е регистрирана неговата употреба. Нашите домаќинства најмногу трошат струја (49,8 отсто од финалната енергетска потрошувачка) и дрва (42 отсто), а занемарливо е учеството на топлинската енергија (5,9 отсто), нафтените продукти (2,2 отсто) и цврстите горива (0,2 отсто).

Енергетската слика на ЕУ е сосема поразлична. Тамошните домаќинства во најголем дел трошат енергија добиена од природен гас (35,7 отсто), а следна по потрошувачка е струјата (25 отсто). Обновливите извори на енергија се одговорни за 15,7 отсто од финалната енергетска потрошувачка, а нафтените производи за 12,7 отсто. На топлинската енергија отпаѓаат 7,8 отсто, а на цврстите горива едвај 3,3 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Во земјава, засега, природниот гас се користи во стопански потреби, а најголеми потрошувачи се производителите на електрична и топлинска енергија, односно комбинираната постројки за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ- ТО и топланите на „Балкан енерџи“. Нивното учество во крајната потрошувачка на природниот гас за 2016 година изнесува 78 отсто. По нив следат индустриските потрошувачи, каде што доминантна улога имаат „Арцерол Митал“, „Макстил“ и „ЕЛЕМ- Енергетика“. На крај се дистрибутивните компании со учество во крајната потрошувачка на природен гас од 2 отсто.

До деловните потрошувачите на природен гас во Македонија во текот на 2016 година се пренесени вкупно 213.439.518 нормални кубни метри. Ова се најголеми количини на природен гас кои што се пренесени преку системот за пренос, и претставува зголемување на пренесените количини на природен гас за 58,5 отсто во однос на 2015 година. Ваквото зголемување на испорачаните количини на природен гас се должи пред се на потрошувачката на ТЕ-ТО АД Скопје кој што во 2016 година изнесува 122.634.568 кубици природен гас.

Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика, цената на природниот гас на големо и мало во текот на 2016 година е на значително пониско ниво споредено со 2015 година, односно има просечно годишно намалување за скоро 30 отсто.

И покрај историски највисоките испорачани количини на природен гас во 2016 година, сепак искористеноста на капацитетот на системот за пренос на природен гас во однос на номиналниот капацитет за пренос во износ од 800.000.000 кубици годишни и во 2016 година останува релативно мала и изнесува околу 27 отсто.

- Сепак, треба да се има во предвид дека овој податок е просечен и се однесува за целата година. Искористеноста на системот варира во текот на годината со тоа што во летните месеци е многу мала и се движи во рамките од 5 отсто до 15 отсто, додека во зимските месеци, кога практично е сезона на висока потрошувачка на гас, е значително поголема и се движи во опсег од 50 отсто до 70 отсто искористеност на системот за пренос на природен гас- велат во Регулаторната комисија за енергетика.

Оваа слика се очекува да се промени со изградбата на гасоводниот прстен, со кој синото гориво ќе стане достапно до секој дом во сите делови на земјава. Обезбедувањето на евтин енергенс ќе доведе до поквалитетно загревање и ладење на становите, комерцијалните и јавните објекти, намалување на производните трошоци и заштедување на финансиски средства како за граѓаните, така и за комерцијалниот и јавниот сектор, како и поголема заштита на животна средина.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години