29 Март, 2024
0.0255

КОЛКУ ДОЛЖИМЕ: Јавниот долг надмина половина од БДП, кризата ќе го „скокне“ уште повеќе

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Порасна јавниот долг на земјава. На крајот на првиот квартал од годинава тој ја надмина психолошката граница од 50 проценти од БДП и достигна 50,7 отсто, говорат најновите податоци за состојбата на долгот што ги објави Министерството за финансии.

Минатата година земјава ја заврши со јавен долг од 48,9 отсто. Тоа значи дека само во првото тримесечје од годинава тој е зголемен за 1,8 процентни поени. 

Ако се гледа во апсолутен износ, за три месеци земјава е позадолжена за 19 милиони евра. Или, на крајот на март вкупниот јавен долг изнесувал 5,559 милијарди евра, наспроти 5,540 милијарди евра колку што сме должеле на крајот на декември минатата година.

Зошто јавниот долг  во апсолутен износ не е порснат за значајна сума, а има поголем раст на неговиот процент од бруто-домашниот производ, веројатно се должи на фактот што поради кризата се веќе намалени проекциите за износот на БДП, па заради тоа се зголемува учеството на долгот.

Доколку се погледне поединечно, ќе се види дека во првите три месеци од годинава значајно се намалил надворешниот долг, а се зголемил домашниот. 

Односно, за три месеци надворешниот долг е понизок за 158 милиони евра, со што тој се симнал на 3,55 милијарди евра, откако на крајот на декември лани беше 3,71 милијарди. Ова намалување се должи на фактот што во јануари годинава Министерството за финансии исплати 155 милиони евра долг кон странство, односно втората рата од ПБГ-заемот, кој земјава го има земено во 2013 година. 

Од друга страна, пак, домашното задолжување во првото тримесечје од годинава пораснало за 177 милиони евра, искачувајќи се на нешто повеќе од две милијарди евра. 

Државниот долг на земјава, пак, во кој не влегува задолженоста на јавните претпријатија и на акционерските друштва во државна сопственост, на крајот на март годинава е на ниво од 4,58 милијарди евра, или зафаќа 41,8 отсто од бруто-домашниот производ.

Веќе не е тајна дека годинава ќе мора да се зголеми јавниот долг на земјава повеќе од она што претходно се планираше, а причина за тоа е економската криза предизвикана од коронавирусот. Ќе мора да се задолжиме и кај меѓународните партнери, но и да позајмиме пари преку изавање еврообврзница, за што процесот е веќе почнат и треба да заврши на крајот на мај. Владата се уште ја држи во тајност сумата која ќе се обезбеди преку еврообврзницата. Од ММФ стигнаа 176 милиони евра, а од Светска банка се договорени 140 милиони евра. Со Европската Унија, пак, се преговара за пристап на земјава до макрофинансиската помош на сума од 160 милиони евра. Ова неодамна во интервју за Фактор го потврди евроамбасадорот Самуел Жбогар. Средствата ќе бидат одобрени во форма на среднорочен заем, а планот е да се исплатат во две транши – првата се очекува да се исплати кон средината на 2020 година, а втората на крајот на 2020 година или првата половина од 2021 година, зависно од тоа колку брзо земјава ќе ги спроведува договорените мерки.

На неодамнешната пресконференција гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Бежовска Ангеловска, рече дека јавниот долг на земјава годинава би можел да се зголеми за 5 проценти поени. Или, би достигнал до 55,7 отсто од БДП. Сепак, според гувернерката, многу појасна слика ќе има кога Владата ќе излезе со ребалансот на буџетот, за кој веќе се почнати подготовките во Министерството за финансии.

„Нашата економија се соочува со поголем шок, и затоа најефективни мерки можат да бидат фискалните мерки, а за нив требаат пари. Оваа година ќе имаме и намалени приходи, и зголемени расходи, а тоа ќе значи нагорен притисок врз нивото на јавниот долг. ММФ очекува јавниот долг годинава да се зголеми за околу 5 проценти, а слични се и очекувањата на централната банка. Подобри согледувања ќе имаме кога ќе се направи ребаланс на буџетот“, рече Бежовска. 

Од Европската комисија сметаат дека поради кризата, државниот долг на земјава ќе порасне до ниво кое нема да биде супер високо, но ќе биде загрижувачко, што, сепак, се случува во сите држави. Јавните приходи, според основното сценарио на Комисијата, годинава ќе се намалат за 25 отсто. До ова ќе дојде поради силното забавување на економската активност, поради што парите од даноци и од придонеси тешко ќе се собираат, а од друга страна, ќе има поголеми расходи во државнта каса. Тоа ќе го зголеми буџетскиот дефицит и тој би достигнал до 6,8 отсто од БДП.  

„Овој повисок буџетски дефицит исто така ќе има ефект на севкупниот бруто долг на владата, кој ќе се движи од 40,2 отсто во 2019, до 47,2 проценти за оваа година. Ако направите споредба со земјите-членки на ЕУ, ова не е супер висок долг, но во исто време Северна Македонија исто има, да кажеме, помал капацитет за  собирање на приходи. Така што во таа смисла тоа е загрижувачки развој на настаните. Но, од друга страна, тоа се случува насекаде и оттука е неизбежно“, изјави на неодамнешниот брифинг Фрик Јанмат од Делегацијата на ЕК во Скопје.

Европската комисија укажува дека оваа криза и се случува на земјава кога фискалниот простор е ограничен и кога за отплата доаѓаат големи износи од еврообврзниците кои биле издавани во претходните години.

А во неодамнешното интервју за Фактор, професорот Марјан Бојаџиев, шеф на катедрата Бизнис Администрација на Универзитетот Американ Колеџ, објасни дека високиот јавен долг кој се насобра во последните години, сега ни го намалува просторот за задолжување кое ни е потребно поради кризата. 

„Нема сомнение дека мораат да се преземат сите можни мерки, ортодоксни и неортодоксни за излез од кризата. Криза која е домашна, а истовремено и екстерна, немало во историјата на самостојна Македонија. Јасно е дека економската моќ  на Република Северна Македонија е далеку пониска од потенцијалите на САД и на ЕУ.  Истата е ограничена со висината на државниот долг како ограничувачки фактор. За жал, кризата го докажа тоа што сите рационални набљудувачи го говореа во последните 10-тина години: задолженоста е непотребно висока! И расте... За 10 години, државниот долг се удвои без никаков евидентен резултат за општеството. Дали направимве нуклерка? Не! Дали направивме брзи пруги? Не! Дали воведовме гасификација? Не! Едноставно, секоја година „палевме печка“ и горевме 200-300 милиони евра. Денес уште имаме шанси да се задолжиме, но се повеќе на институционален пазар, а се помалку на комерцијален. Мислам дека времето на „лесните пари“ заврши. Веројатно следните задолжувања ќе бидат во некој вид на аранжмани со ММФ...“, нагласува професорот Бојаџиев. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка