13 Мај, 2024
0.0233

Колку чини погреб во вселената?!

Објавено во: Стил 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Почнаа резервациите во американската фирма „Елисиум Спејс" за „меморијалниот вселенски лет“, кој содржи испраќање на посмртните останки на покојните во орбитата на Земјата.

Летот во вселената со кремираните остатоци ќе чини 2.000 долари и ќе биде извршен следната година од космодромот во Кејп Канаварел. Вселенскиот брод со урните во кои се наоѓа пепелта на покојните ќе помине неколку месеци во Земјината орбита, а по летот би изгорел во атмосферата на земјата.

Оваа фирма не е единствена која нуди „меморијални летови“ во вселената. Други две фирми нудат летови за 5.000 долари, но и за 1.000 долари но во тој случај посмртните останки се носат до нулта гравитацијата на Земјата и повторно се враќаат назад.

Најблиските по пат на апликации ќе можат во секој момент да дознаат за точната локација на капсулата, а поранешниот НАСА инжинер Томас Кивет, основач на „Елисиум Спејс“ ја објасни неговата идеа:

„Овој проект ќе ги заинтересира луѓето кои ја сметаат Вселената за посебно и преубаво место“.