Колкави затворски казни ги очекуваат српските напаѓачи од Бањска?
Објавено во: Балкан 28 Септември, 2023 17:40
Oд десет години до доживотен затвор им се заканува на српските напаѓачи кои кај селото Бањска во северно Косово во неделата убија косовски полицаец. Косово истражува дали Русија е вмешана во нападот.
Ќе одговараат за тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, за подготовка терористички дејства или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово и за неовластено поседување, контрола и држење оружје.
Властите во Приштина упатија обвинувања дека се работи за криминална група, која била „поддржана и финансирана од Србија“ барајќи казна и санкции од официјален Белград.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, изјави дека Србите што се судрија со полицијата „планирале да го дестабилизираат северот и потоа да прогласат автономија во близина на реката Ибар“. Тој во интервју за „Евроњуз Албанија“ изјави дека групата ја предводел потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, „по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.
Српскиот претседател, изјави дека убиството на полицаецот на Косово е апсолутно за осуда. Тој во своето обраќање по инцидентот рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не сакајќи повеќе да го трпат теророт на Албин Курти“.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




