Koлкави плати земаат Црногорците?

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2022
Црногорците земаат просечна плата од 720 евра.
Статистиките покажуваат пораст на платите. Просечната нето плата во октомври е зголемена за 34,8 отсто во однос на истиот месец минатата година. Просечната бруто плата во октомври изнесувала 891 евро. Доколку се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври во однос на септември скокнале за 1,4 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,1 отсто.
Сепак, на Црногорците им требаат повеќе пари за живот. Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври, според податоците на Монстат, изнесува 793,9 евра, што е за 1,6 отсто повеќе во однос на септември, а за речиси 19 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави РТЦГ.
Можеби ќе ве интересира
Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?

Пленковиќ: Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“

„МИЛАНОВИЌ Е КАКО ОРБАН И ДОДИК“: Британски „Гардијан“ за хрватскиот претседател

БОРБЕНОТО ВОЗИЛО „МИЛОШ“ ГО ПРЕПОЛОВИ ЦИТРОЕНОТ КАЈ ПАНЧЕВО: Загина жената возач, ова се први слики од страшната несреќа
АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Борбен авион се урна во Јонското Море

ВО СРБИЈА Е ПРИСУТЕН „ФЕРАРИ“ ВИРУСОТ: Лекарка открива кои се симптомите
