КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот
Објавено во: Економија 20 Март, 2023 16:25
Во тетовскиот комбинат „Тетекс“ дојде до мали промени во Одборот на директори, со тоа што на сите петмин им завршил мандатот, но повторно беа избрани четворица од директорите, а само на една директорка мандатот не и е продолжен.
Како што објави компанијата преку ценовно чувствителна информација на Берзата, мандатот им истекол на петте члена на Одборот на директори и тоа Борислав Трповски, Евгенија Трпоска, Стеван Томовски, Звонимир Ристовски и Драгица Јовановска.
Со одлука на Собранието на акционери, пак, Трповски, Трпоска, Томовски и Ристовски биле избрани за уште еден мандат, кој ќе трае шест години. На местото на Јовановска, пак, е избран Душко Мишевски од Тетово, дипломиран технолог.
Звонимир Ристовски е избран за независен неизвршен член на Одборот.
Тетекс објави и колкави паушали ќе земаат директорите.
Па така, месечен паушал од 33.333 денари ќе зема претседателот, а членовите на Одборот на директори ќе добиваат по 22.222 денари месечно во форма на паушал, објави компанијата преку ценовно чувствителна информација на Берзата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




