14 Декември, 2025
0.0354

Колкава пензија би имале ако штедите наместо да уплаќате придонеси?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2018 06:11

Добивај вести на Viber

Колку пари би имале по завршувањето на работниот стаж ако целиот работен век наместо да уплаќате придонес за пензиско осигурување можевте парите да ги тргате настрана, на банкарска сметка? Иако, оваа опција е невозможна бидејќи не постои варијанта да се избегне уплатување на придонесите во Фондот за ПИОМ, сепак една ваква пресметка е добар показател за тоа кој губи, а кој добива со сегашниот пензиски систем и зошто е потребна финансиска инекција од државата за да се одржува неговата стабилност.

Моделот за исплата на нето плата е познат. Од бруто износот најпрво се одделува 18 отсто за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па 7,3 отсто за здравствено осигурување, 1,2 отсто одат како придонеси за вработување и 0,5 отсто задополнителен придонес за задолжително осигурување во случај повреда или професионално заболување. На добиениот износ се пресметува 10 отсто персонален данок на доход. Остатокот е нето плата што се исплаќа на вработениот.

Еве едноставна пресметка ако нема обврска за задолжително пензиско осигурување и секој вработен да може да прави што сака со бруто платата, односно секој месец до крајот на работниот век на штедна книшка става еднаков износ на тој што треба да го уплатува во првиот и во вториот столб на пензиското осигурување.

Станува збор за месечен прилог од 6.358 денари (12 отсто за прв и 6 отсто за втор столб). Пресметката е направена врз основа на просечната бруто плата за јули 2018 година во износ од 35.322 денари и на годишно ниво овој износ изнесува 76.296 денари. За 30 години работен стаж просечен Македонец, според оваа пресметка, на име придонеси за пензија уплатува на државата севкупно 2.288.880 денари.

Ако претпоставиме дека ќе прима пензија 15 години, тогаш оваа сума поделена на 180 месеци дава месечна пензија од 12.716 денари. Овој износ е помал од просечната пензија во месец август оваа година од 14.146 денари. За да има просечна пензија е потроши вкупно 2.546.280 денари, односно ќе треба да зема пари и од другите, т.е. идните корисници на пензија.

Каква е пресметката ако просечниот работник парите ги штеди во банка наместо да ги дава во пензискиот фонд, односно секој месец износот од 6.358 денари да го става на орочено штедење со сложена каматна стапка од 2 отсто, односно на главнината секоја година да се додава каматата.

Под услов тоа да ги правел редовно, не пропуштајќи ниту еден месец во следните 30 години, по истекот на орочениот рок, просечниот Македонец на сметка ќе има 3.233.381 денари, значи 41 отсто повеќе од износот кој ќе го уплати во пензискиот фонд. Неговите просечни месечни примања за 15 години пензионерски стаж ќе изнесуваат 17.963 денари или 5.274 денари повеќе во споредба со пензијата што би ја примал од парите уплатени само од сопствените придонеси. Во споредба со просечната пензија, односно пензијата појачана со парите од другите корисници,  разликата е 3.817 денари или 27 отсто повеќе.

Намерата на овој текст не е да се поттикне укинување на задолжителното пензиско осигурување. Имено, многу тешко е да се контролира дека просечниот работник ќе уплаќа секој месец пари во банка, туку, рака на срце, многумина од нив ќе ги потрошат тие пари и на старост ќе станат социјални случаи. Затоа оваа пресметка е повеќе илустративна за да укаже на тоа како се трошат нашите придонеси и како би можеле да уживаме во поголеми пензии ако знаеме да се однесуваме одговорно со парите.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година