10 Ноември, 2024
0.0286

Колкава е стапката на смртност на коронавирусот, што кажува таа и во кои земји е најалармантно

Објавено во: Свет 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Околу два месеци трае кризата со коронавирусот, а и понатаму е тешко да се утврди колку тоа е всушност смртоносен.

КОВИД-19  вирусот се прошири на скоро стотина држави и територии. Бројот на заразени по држави се движи од тројца заболени, колку што се пријавени во Македонија, па до преку 80 700 колку што се во Кина, откаде болеста и почна да се шири.

Најзагрозена во Европа моментно е Италија.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Адан Гебрејес, вели дека сегашната стапка на смртност е 3,4%, но овој број се пресметува со делење на бројот на смртни случаи по бројот на официјално потврдени случаи. Знаеме дека има многу поблаги случаи кај луѓе кои воопшто не доаѓаат во болница и не се тестираат и не се вклучени во овие статистики, што значително би ја намалило смртноста.

Стапката на смртност е највисока кај постарите лица, додека е многу пониска кај помладите лица, иако медицинските професионалци кои лекуваат пациенти и се изложени на многу вируси се смета дека се особено изложени на ризик, без оглед на возраста.

Треба да се напомене дека стапката на смртност не кажува колку човек веројатно ќе умре од коронавирус. Дури и меѓу оние над 80, 90% ќе закрепнат.

Со оглед на големите разлики во тоа колку луѓе се заразуваат, колку трае во некои земји тековната епидемија, какви се демографите на одредена земја и економијата, се чини дека стапката на смртност варира од држава во држава.

Највисока стапка на смртност во Соединетите држави

И додека неодамнешната стапка на смртност од вирусот корона беше највисока во Кина, изненадување е фактот што, според најновите информации, највисока стапка на смртност е забележана во САД - околу 4,25%. Во Соединетите држави, 19 од 447 заразени досега починале од вирусот корона.

Досега се пријавени случаи во скоро половина од Соединетите држави. Според извештаите на американските медиуми, САД не започнале со тестирање и спречување на време на ширење на вирусот. Проблем во САД е и фактот што многу жители немаат здравствено осигурување, па затоа третманот е скап.

На второ место на стапката на смртност е Италија, која има околу 4 проценти. Италија е европска земја со најмногу заразени - над 4.600. И додека бројот на заразени во Италија е сè уште помал отколку во Јужна Кореја, стапката на смртност е многу поголема. Во Јужна Кореја, која има над 6.700 заразени, стапката на смртност е околу 0,6 проценти.

Главната причина за високата стапка на смртност во Италија е нејзината популација, која е најстара во светот по Јапонија.

Во моментов, 3,8 проценти од луѓето починале од вкупното заразено население низ Кина, додека стапката на смртност е многу поголема во провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата - околу 5,8 проценти, според најновите објавени податоци, според „Worldometers“.

Во Кина, бројот на нови инфекции се намалува во последните неколку дена.

Исто така, во Иран има висока стапка на смртност - 2,9 проценти, што може да се припише на сиромаштијата на населението и на сиромашната економија на земја која претрпува сериозни санкции.

Иако оваа варијација меѓу земјите може да звучи вознемирувачка, стапката зависи од тоа колку луѓе се тестираат за вирусот на корона. Во земји како Јужна Кореја и Кина, кои тестирале стотици илјади луѓе, стапката на смртност е помала отколку во, да речеме, САД, кои тестирале помалку од 2.000, јавува Би-Би-Си.

Во повеќето европски земји каде има повеќе од 100 заразени, стапката на смртност е помалку од два проценти. Интересно е што Германија со скоро 700 заразени сега нема жртви.

Бидејќи епидемијата КОВИД-19 продолжува да се шири и вкупниот број случаи и смртни случаи постојано се менува, стапката на смртност по земја не е статична и ќе продолжи да варира. Многу здравствени експерти предвидуваат дека целокупната стапка на смртност ќе се намали со зголемувањето на бројот на заболени и тестирања.

Јужна Кореја, која тестираше над 140.000 луѓе, досега нуди цврсти докази за тоа предвидување.


Можеби ќе ве интересира

ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДААТ ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД МАНДАТОТ НА ТРАМП: Планира да ги започне бурно, еве ги петте главни приоритети

ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДААТ ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД МАНДАТОТ НА ТРАМП: Планира да ги започне бурно, еве ги петте главни приоритети

ТРАМП ВЕЌЕ ЈА ЗАПОЧНА ЧИСТКАТА: Еве кој нема да биде во новата администрација

ТРАМП ВЕЌЕ ЈА ЗАПОЧНА ЧИСТКАТА: Еве кој нема да биде во новата администрација

„ПАТ ДО КАТАСТРОФА“: Атлантските струи во колапс, Земјата се прегрева

„ПАТ ДО КАТАСТРОФА“: Атлантските струи во колапс, Земјата се прегрева

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПЛАНИРАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ТРАМП: Ова е третокласна комедија

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПЛАНИРАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ТРАМП: Ова е третокласна комедија

Русија е подготвена да го слушне предлогот на Трамп за ставање крај на војната

Русија е подготвена да го слушне предлогот на Трамп за ставање крај на војната

СОВЕТНИКОТ НА ТРАМП ДЕЦИДЕН: Имаме вести за Зеленски, Крим веќе го нема

СОВЕТНИКОТ НА ТРАМП ДЕЦИДЕН: Имаме вести за Зеленски, Крим веќе го нема

Книги кои направија бум во продажбата после победата на Доналд Трамп

Книги кои направија бум во продажбата после победата на Доналд Трамп

ЧЕСТИТКИ ЗА ВРАЌАЊЕТО ВО БЕЛАТА КУЌА СО ГОЛИ ФОТОГРАФИИ НА ПРВАТА ДАМА - руска телевизија ја исмеја Меланија Трамп во ударен термин

ЧЕСТИТКИ ЗА ВРАЌАЊЕТО ВО БЕЛАТА КУЌА СО ГОЛИ ФОТОГРАФИИ НА ПРВАТА ДАМА - руска телевизија ја исмеја Меланија Трамп во ударен термин

БАРОН ТРАМП МУ ПОМОГНА НА ТАТКО СИ ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ - која е улогата на 18-годишникот со самоуверен изглед

БАРОН ТРАМП МУ ПОМОГНА НА ТАТКО СИ ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ - која е улогата на 18-годишникот со самоуверен изглед