Koлкава е просечната плата во Загреб?
Објавено во: Економија 11 Август, 2022 20:03
Растат платите во хрватската престолнина Загреб.
Просечната нето-месечна плата што ја исплатиле компаниите во овој град во мај била 8.863 куни (1.182 евра). Тоа е раст за 7,4 отсто во споредба со мај 2021 година, покажуваат податоците на градското одделение за стратешко планирање и развој, цитирани од Хина.
За споредба, просечната нето плата во земјата е 7.690 куни (1.025 евра). Највисока просечна нето плата е исплатена во секторот вадење нафта и гас – 15.851 куни (2.113 евра), а најниска плата примаат оние кои работат во секторот за производство на кожа – 4.883 куни (651 евро), пишува БТА. Извесно време статистиките покажуваат раст на платите во Загреб.
foto freepik.com/wirestock
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




