10 Мај, 2024
0.0254

Колкав профит направи „Комерцијална банка“?

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Нето добивка со минимален раст во споредба со 2017 година, значајно зголемени резервации за кредити, умерен раст на депозитната база и кредитирање со статус кво, се најважните вести од финансискиот извештај на „Комерцијална банка“ за 2018 година

„Комерцијална банка“ оствари нето добивка од 820,6 милиони денари за 2018 година односно 360 денари за акција, покажуваат официјалните податоци од посебниот финансиски извештај на оваа банка за 2018 година. Во споредба со последната пазарна цена на таа акција, доколку биде одобрено целиот износ (со исклучок на задолжителната резерва) да биде исплатен во дивиденда инвеститорите би добиле бруто принос од 15,6 отсто што е сосема солидна проекција.

Како изработи лани „Комерцијална банка“?

Приходите од камати, главната приходна ставка, лани биле на ниво од 3,56 милијарди денари што претставува ниво речиси идентично како и во 2016 година ако се изземе фактот дека приходот од камата е намален за 74 милиони денари што е намалување за 2 отсто. Ова укажува дека во услови на намалени каматни стапки банката успеала да ја одржи својата база и одбележува статус кво. Со други зборови кажано иако нема раст на приходи од кредитирање банката во оваа конкуренција успеала да одржи исто ниво како и во 2017 година. Кај расходите за камати очекувано има намалување и тоа е од 64 милиони денари во споредба со 2016 година односно тој трошок на банката е помал за 11,5 отсто. Износот на нето камати за 2017 година е 3,070 милијарди денари односно околу 50 милиони евра. Во споредба со 2016 година е понизок за 8,5 милиони денари што минорен пад од 0,3 отсто. 
Кај втората по значење приходна ставка нето приходот од надоместоци и провизии е 825,7 милиони денари и во однос на 2016 година бележи пад од скромни 39 милиони денари.Значајни за истакнување се останатите приходи од дејноста кои изнесуваат 1,073 милијарди денари и во однос на 2016 година се поголеми за 520 милиони денари. Овој солиден раст веројатно се должи на продажба на имот земен како обезбедување и оваа ставка значајно и позитивно влијае врз крајниот резултат односно нето добивката на оваа голема банка.

Резервациите зголемени, загубата од губење вредност на обезбедувањето намалена

Банката успешно ги менаџирала имотите или средствата кои ги земала како обезбедување од клиенти кои не сервисирале обврски на време. Податоците покажуваат дека загубата заради оштетувањето на нефинансиските средства е намалена 143 милиони денари во однос на 2016 година. Попрецизно кажанозагубата заради оштетување на нефинансиски средства е повеќе од преполовена. На крај на 2016 година изнесувала 245,4 милиони денари, а на крај на 2017 година изнесува 102,4 милиони денари. Тоа укажува на заклучок дека менаџментот спроведувал политика на навремено ослободување од средства и нивна продажба. Резултат е очевиден. Наспроти тоа, не е најдобро проценет ризикот на кредитите, но тоа е и најтешката работа. Резервациите се зголемени за повеќе од 10 милиони евра односно за 628 милиони денари повеќе од 2016 година и тие на крај на 2017 година изнесуваат 2,381 милијарди денари. Веројатно во голема мерка за овој раст придонела состојбата со комбинатот за фероникел „Фени“ кој е во финансиска незивесност и чека инвеститор или ќе оди во стечај. Сепак значајно е да се каже дека дел од резервациите можат да бидат ослободени годинава доколку банката ја подобри наплатата.

Кредитирањето со статус кво, раст евложувањето до државни хартии од вредност

Банката одржува исто ниво на кредитирање лани во однос на 2016 година. Растот е само 100 милиони во однос на 2016 година што е капка во море во однос на масата кредити на други коминтенти (освен банки) кој изнесува 45,37 милијарди денари. Значајно за истакнување е дека банката се повеќе во фокус ги става хартиите од вредност. Во нив на крај на 2017 година се вложени 10,75 милијарди денари што е за 2,7 милијарди денари повеќе од 2016 година. Истовремено со тоа кредитите на банки се намалени за 4,2 милијарди денари до ниво од 5,8 милијарди денари. Лани банката превзела средства врз основа на неплатени побарувања до ниво од 776,8 милиони денари што е за 210 милиони денари повеќе од 2016 година. Депозитите на фирмите, здруженијата и на домаќинствата се зголемуваат постепено, но сигурно. Тие на крај на 2017 година достигнаа 91,27 милијарди денари што е раст за 4,1 милијарди денари во однос на 2016 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари