Koлкав процент од Германците се задоволни со својата работа?
Објавено во: Финансии 06 Мај, 2018
Мнозинството Германци или 89 проценти се среќни со својата работа, покажуваат статистичките податоци од сојузната канцеларија.
Секој трети човек е среќен на своето работно место.
Од самовработените Германци среќни се дури 90 проценти, покажува извештајот за 2017 година.
Среќни се 91 процент од високообразованите кадри, наспроти 83 проценти од неквалификуваните работници.
Во западниот дел задоволни се 89 проценти, а на истокот и во Берлин задоволни се 88 проценти од работниците.
Во истражувањето опфатени беа луѓе од 15 до 74 години.