29 Април, 2024
0.0780

Колкав милионски бизнис доби Циле во РЕК Битола за 5 месеци?

Објавено во: Економија 08 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Силјан Мицевски е одличен тимски играч, а од почетокот на годинава се покажа и како велемајстор за солирање. За пет месеци годинава неговиот „Пелистер“ доби договори за ископ на јаглен и јаловина вредни 7,25 милиони евра! Првиот договор за годинава е склучен во февруари и веќе е реализиран, а на сметка на фирмата на Циле РЕК исплатил 2,065 милиони евра. Најновиот договор за ископ е склучен пред неполн месец на вредност од 5,19 милиони евра и ќе биде реализиран до крај на година или најдоцна за 12 месеци. Во овие 8 години од 2012 до сега „Пелистер“ на Силјан Мицевски, заедно со „Гранит“, „Трансмет“, „Марковски“ учествувал во бизниси за ископ на јаглен вредни над 90 милиони евра!!!

Битолската градежна компанија „Пелистер“ на познатиот битолски бизнисмен и поранешен политичар Силјан Мицевски за пет месеци доби тендери во вредност од 7,25 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во подинските серии на рудниците на РЕК „Битола“. 
„Пелистер“ години наназад е силен партнер на РЕК „Битола“ и ја дава на услуга неговата градежна механизација за копање јаглен и јаловина, а често и за дробење на јагленот.

Најновиот тендер што го доби „Пелистер“ е за ископ на јаглени јаловина, со сите придружни активности и за тоа компанијата на Циле беше најповолен понудувач с цена од 89,04 денари за гигаџул. Вредноста на договорот што двете страни го склучија пред неполн месец поточно на 13 јули е 320 милиони денари односно 5,19 милиони евра без ДДВ. За 5,2 милиони евра (цената е без ДДВ) „Пелистер“ треба да ископа 646.740 тони јаглен (според спецификацијата) и јаловината што треба да се ископа за да се дојде до јагленот во басенот на рудникот Брод-Гнеотино. Јаловината, според спецификацијата е над 1,7 милиони кубни метри. Станува збор за четири јагленови слоја и уште толку слоја раскривка и јаловина. Носителот на набавката освен обврската да копа треба да го транспортира јагленот до транспортниот систем и да го дроби јагленот во парчиња со големина до 10 сантиметри.  Во договорот пишува дека квалитетот на јагленот се мери по превземени 300 тони јаглен во континуитет на дневно ниво и до воведување во функција на автоматски земач на проби. РЕК „Битола“ го задржува правото инцидентно да зема проби за квалитет на јагленот. Договорот е склучен со времетраење од најмногу 12 месеци. Според спецификацијата се гледа дека работата треба да биде завршена за 7 месеци. Повеќе детали на следниот линк https://faktor.mk/kolku-milioni-evra-kje-zeme-cile-od-rek-bitola

Тендерот што го доби претходно за кој е склучен договор во февруари годинава опфаќа ископ на јаглен и јаловина и тоа за вредност од 2,065 милиони евра. Станива збор за 243.000 тони со енергетска вредност од 1,45 милиони гигаџули. Цената што тогаш ја дал „Пелистер“ била 87,8 денари за гигаџул е за нијанса пониска од последната цена по која ја доби работата. Овој договор е склучен на 8 февруари годинава и досега е реализиран и завршен, според достапните податоци од РЕК Битола кои беа навремено доставени до редакцијата на „Фактор“.

Какви тендери доби „Пелистер“ од 2012 година до сега?

Во мај 2012 година за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод-Гнеотино „Пелистер“ е носител на набавка заедно со скопски „Гранит“. Добиваат бизнис од кој наплатиле 43,1 милиони евра! Ископале 3,5 милиони тони јаглен рамно на 22,1 милиони гигаџули. Цената по гигаџул? Во првиот лот 114 денари, а во вториот 144 денари што воедно е и највисока постигната цена за која е склучен договор. 
Октомври 2014 година, нова тура. Овој пат партнер на „Пелистер“ е „Трансмет“ за сега веќе (првостепено) осудениот Сеад Кочан. Инкасираат 35,5 милиони евра за ископ на околу 2,5 милиони тони односно над 22 милиони гигаџули. Цена? Пониска од претходното: во првиот лот е 79 денари за гигаџул, во вториот 93 денари за гигаџул и транспортот на дробен јаглен 80 денари за тон во должина до 3 километри.

Во ноември 2016 година „Пелистер“ добива соло тендер. Цената за гигаџул е 96 денари. Договорот вреди 4,88 милиони евра, а ископани се помалку од 500.000 тони јаглен.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи