Добивај вести на Viber
Бројот на туристи кои ја посетиле Црна Гора оваа године е намален, покажува страницата на црногорската статистика, Монстат.
Податоците на Монстат дека во јули имало 11.000 или 3,1 отсто помалку посетители, односно 3,6 отсто помалку ноќевања во однос на истиот период лани, не ги изненадија црногорските туристички работници бидејќи тие се свесни дека во приватното сместување во текот на сезоната имало значително помалку туристи.
Сепак податоците на црногорската статистика не се поклопуваат со оние кои во текот на целото лето ги соопштуваат претставнциите на Националната туристичка организација и Министерството за туризам. Броејќи ги истите туристи како и Монстат тие од недела во недела тврдат дека нивниот број е поголем во однос на истиот период лани.
Русите и Србите се најбројните туристи на црногорското крајбрежје. Најмал број на гости од европските земји пристигнале од Исланд, Естонија, Летонија, Ирска, Финска и Португалија.