28 Март, 2024
0.1638

Која професија прави просечно 305.000 евра приход по вработен, а не е популарна?

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Извршител е далеку од најпопуларно занимање во Македонија, барем според општата перцепција на јавноста. Иако се бројни тие што немаат добро мислење за извршителите, таа дејност е и тоа како полезна за економската заедница. Дали знаете дека ова е убедливо најпродуктивна македонска индустрија затоа што просечно по вработен од заплени лани оствари приход од 305.000 евра. Лани извршителите на доверители -фирми им вратиле 110 милиони евра, а на граѓаните 20 милиони евра. Решиле 59.000 предмети, заплениле вкупно 131 милиони евра и наплатиле награда од 3 милиони евра

Синоним за нешто несакано е извршител. Дури има клетви на таа тема, па и досетки на популарната социјална мрежа „Твитер“. Се разбира дека никој не прима со радост информација дека му „скинале“ пари од сметка. Ниту има некој што се радува кога го задолжуваат со налог за плаќање од кој нема бегање.

Емоцијата е едно, а наплата на реални обврски е друго. И вторите се неминовни за да фунционира економијата, која е неопходна за да постои современото општество.

Е сега, пред да донесеме свој став за тоа дали извршителите се крвопијци, апаши, па дури и злосторници, во име на вистината, мора да ги земеме во обзир следниве факти, а тие се достапни во овој официјален документ http://kirm.mk/wp-content/uploads/%D0%93%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98-%D0%B7%D0%B0-2021-.pdf што ги агрегира податоците за сите извршители во земјава. А ги има вкупно 96 извршителски канцеларии, сите се со месна надлежност и вработувале (на крај на 2021 година) вкупно 429 лица.

Што лани сработиле извршителите?

Успеале да реализаат 59.000 барања за извршување од клиенти кои биле измамени и останале со кратки ракави во соработката со своите клиенти. Од нивните постапки лани успеале да соберат односно да наплатат 131 милиони евра. Од тие пари на фирми и правни лица кои побарувале пари вратиле 110 милиони евра. Факт е дека со тие пари ја подобриле ликвидноста во македонската економија. На граѓани т.е. физички лица вратиле 20 милиони евра, а за сметка на државата Македонија наплатиле 1,6 милиони евра. Оваа услужна индустрија вработува 429 лица. Мерено од аспект на прибраните средства значи дека нивната продуктивност по вработен изнесува 305.000 евра. А има ли попродуктивна индустрија.

Од кого наплатиле?

Според официјални и достапни податоци најмногу пари извршителите заплениле од неплаќачи – стопански субјекти односно претежно фирми. Од нив наплатиле 74 милиони евра. Добро наплатиле и од државата – 20 милиони евра. Од граѓани кои не ги подмирувале навреме своите обврски извршителите наплатиле 37 милиони евра. Веројатно дека токму од оваа категорија неплаќачи иде најголемата омраза кон извршителите.

Во кој регион има најмногу барања за извршување, а кои се најефикасни?

Статистички гледано, очекувано, најмногу барања за извршување има во Скопје. Дури 55.000 од вкупно 124.000 барања на ниво на цела земја. Најефикасни лани биле извршителите кои работат на подрачјата на судовите во Охрид, Струга и Дебар и тие имаат реализација на барањата од 73% од примените предмети. Државниот просек е 48 %, а најслаба реализација имаат извршителите на териториите на општините Струмица и Радовиш со 42% и Тетово со 43%.

Кои се најплатените извршители?

Вкупната добивка на целата извршителска фела за лани е нешто поголема од 3 милиони евра. Само 5 од вкупно 96 извршителски канцеларии имаат за лани добивки кои надминуваат 100.000 евра.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра