18 Декември, 2025
0.1775

Која е најпрофитабилната македонска банка? Секој ден прави профит од 123.000 евра!

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2022 07:33

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје има раст на нето приходите од сите приходни ставки, а благодарејќи на оптимизацијата на расходите оствари добивка од 33,5 милиони евра за девет месеци. Со тоа го задржа приматот пред најголемиот аспирант НЛБ Банка која за овој период стигна до 33,2 милиони евра профит

Стопанска банка Скопје го задржува приматот на најпрофитабилна деловна банка воострата конкуренција со НЛБ Банка и со Комерцијална банка. Официјалните податоци од билансите на оваа банка покажуваат дека добивката за првите девет месеци годинава достигна 33,5 милиони евра. Тоа е за 300.000 евра повеќе од најголемиот конкурент – НЛБ Банка. Добивката на Комерцијална банка третиот во групата банкарски гиганти е 30 милиони евра.

Ако се изразиме со вокабуларот за успех на ученици, за првите девет месеци билансот на успех на Стопанска банка Скопје е со сите петки!

Банката бележи растови од сите приходни ставки. Прво и најважно нето каматите за овој период достигнале 49,6 милиони евра што е за 3,3 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Второ, од нето приходи од надоместоци и провизии банката до крај на септември инкасирала 10,8 милиони евра, а тоа е за половина милион евра повеќе од претходната година.

Одличен раст има и кај останатите приходи од дејноста кои сега се повисоки за 3 милиони евра и изнесуваат 8,3 милиони евра.

Исто и од курсни разлики банката има одличен раст на нето приливите. Тие изнесуваат 2 милиони евра и се за 450.000 евра повисоки од претходниот споредбен период.

На страната на трошоците вредно за истакнување е тоа што банката за резервации издвоила 10,2 милиони евра што е за нијанса повеќе од лани. На своите вработени банката им платила 11,4 милиони евра во бруто износ, а тоа е за 620.000 евра повеќе од истиот период лани.

Работењето на банката резултира со добивка што е за 4 милиони евра повисока од истиот период лани.

Од билансот на состојба евидентно е дека банката го зголемила кредитирањето за приближно 90 милиони евра во период од девет месеци. Нивото на вкупни кредитни пласмани за корпоративни клиенти и домаќинства изнесува 1,36 милијарди евра.

Вложувањата во хартии од вредност на крај на септември се на ниво од 193 милиони евра што е за околу 7 милиони евра помалку од крајот на претходната година.

Нивото на депозити бележи мало снижување и изнесува 1,43 милијарди евра.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа