15 Декември, 2025
0.0419

Која е најпрофитабилна македонска индустрија? Над 39% од приходот останува како добивка!

Објавено во: Економија 06 Јули, 2022 07:13

Добивај вести на Viber

Од шест друштва кои управуваат инвестициски фондови (задолжителни и доброволни пензиски и отворени инвестициски фондови) дури пет завршиле со добивка во работењето за 2021 година. При тоа најниската добивка изнесува 39% од приходите, а најпрофитабилното друштво има добивка што е 56% од остварените приходи

Македонската финансиска индустрија чија специјалност е управување со инвестициски фондови лани оствари одлични резултати и има исклучително успешна година! Сите шест друштва кои управуваат со инвестициски фондови (задолжителни, доброволни, отворени и затворени н.з.) лани успеале да ги зголемат приходите од работењето без разлика дали се задолжнителни или доброволни пензиски фодови или пак станува збор за друштва кои управуваат отворени инвестициски фондови.

 Дури пет од нив лани имале поголеми профити во однос на добивките остварени во 2020 година, покажуваат официјалните податоци за друштвата кои управуваат инвестициски фондови.

Дополнително и најважно кај пет од шест друштва како добивка остануваат од 39 до 56 отсто од остварените приходи!

Од овие податоци може да се заклучи дека македонската фондовска индустрија има одлична пазарна позиција и голем потенцијал и простор за раст. Ова особено се однесува на отворените доброволни фондови кои полека ја завзема заслужената позиција во националниот финансиски систем.

Овие шест друштва кои управуваат инвестициски фондови инвестираат речиси 2 милијарди евра домашни пари заштеди на граѓаните од кои најголем дел се парите од задолжителните пензиски фондови.

Според официјални и јавно достапни податоци на МАПАС, регулаторното тело надлежно за пензиските фондови, трите друштва: „Сава пензиско друштво“, КБ Прво пензиско друштво и Триглав пензиско друштво управуваат со 1,74 милијарди евра во задолжителните фондови на идните над 560.000 пензионери. Уште 40 милиони евра овие три друштва управуваат во доброволните пензиски фондови. За потсетување, суштинската разлика меѓу двата типа пензиски фондови е тоа што тој што вложува средства во задолжителниот фонд има право да ги добие кога оди во пензија, а во доброволниот ги добива со наполнети 52 години за жени или 54 години за мажи. 

Особено радува тоа што расте вредноста на вложувањата во отворени и доброволни иневстициски фондови. Нив ги управуваат шест компании од кои трите се претходно наборените друштва кои управуваат и задолжителми пензиски фондови. Другите три друштва кои управуваат со отворени и добровопни фондови се КБ Публикум, „ВФП Фонд Менаџмент“ и „Генерали Инвестментс“.

Токму овие три друштва кои на пазарот си конкурираат со доброволните единици на друштвата кои управуваат големи институционални фондови (задолжителните пензиски н.з.) лани успеале да ги зголемат своите приходи (од провизии и надоместоци н.з.) и да ги зголемат добивките од своето работење.

Еве ги резултатите на сите друштва кои управуваат со инвестициски фондови (пензиски задолжителни и доброволни и отворени инвестциски фондови):


Според официјалните најнови јавно достапни информации вредноста на фондовите со кои раководи „КБ Публикум“ изнесува околу 80 милиони евра, на „Генерали Инвестментс“ е околу 37 милиони евра, а на „ВФП Фонд Менаџмент“ е околу 40 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година