Добивај вести на Viber
На Запад луѓето покрај редовната имаат и хонорарна работа за да заработат поголеми приходи.
Еве една листа на најпопуларните хонорарни професии во светот:
фитнес тренер
Повеќето фитнес тренери работат со скратено работно време, обично во попладневните часови. Се смета дека во 2016 година побарувачката за фитнес тренери ќе биде за 27% поголема од порано, затоа што убавината се наметнува како тренд.
домашна нега
Ова занимање е популарно насекаде низ светот. Се очекува дека во светот во 2016 година, поради пренатрупаноста во домовите за стари лица, побарувачката за ваков кадар ќе се зголеми за 15%.
масер или физиотерапевт
Речиси 42% од сите масери работеле со скратено работно време, а според прогнозите на експертите побарувачката за масери ќе трае до 2016 година. Се верува дека масери и физиотерапевти се професии кои се многу барани.
рецепционери
Во текот на туристичката сезона, хотелите бараат келнери, собарки, но и рецепционери. Се предвидува дека побарувачката за рецепционери ќе се зголеми за 17% оваа година.