14 Декември, 2025
0.0339

Која држава е најголем пријател на Македонија, а која е закана?

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023 18:28

Добивај вести на Viber

Истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ покажа дека македонските граѓани за најголем пријател ја сметаат Србија. Од друга страна, за најголема закана ја сметаат Бугарија. 

На прашањето која држава или меѓународна организација е најголем пријател на Македонија – 37 отсто ја кажале Србија, втори на листата се САД со 11,4 отсто, а по нив се Турција и ЕУ. Дури 42 отсто од граѓаните сметаат дека има држава или меѓународна организација која е закана за Македонија. Од нив, со 27,4 отсто како најголема закана убедливо прва ја навеле Бугарија, а втора е Русија со 4 отсто.

Анкетата покажала и дека поддршката за членство во ЕУ паднала на 49 отсто, а расте и процентот на луѓето кои сметаат дека Унијата не ја третира Македонија соодветно... 65 отсто од испитаниците, или скоро третина повеќе во однос на 2021, сметаат дека ЕУ се однесува нефер, надмено и уценувачки. 

И претходните години, на повеќе истражувања Србија и Турција фигурираа како пријателски земји. 

foto freepik.com/elena_n_ivanova

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово