20 Мај, 2024
0.0266

Која банка направи најголем профит? Добивката е 15,5 милиони евра!

Објавено во: Економија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје книжи раст на нето добивки од камати, раст на кредитирање. Банката има најголема добивка во својата конкуренција иако профитот во споредба со истиот период лани книжи пад за 1,7 милиони евра и тоа е резултат на намалени останати приходи од дејноста во комбинација со раст на резервациите

Стопанска банка Скопје во првата половина од годинава оствари профит од 15,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа банка. Кажано со жаргонот на екс водачот на втората најголема верска заедница „ И Стопанска банка Скопје го прогласи корона вирусот за мртво“

Во услови на пандемија од корона вирус и отежнати услови на битисување во националната економија трите најголеми домашни деловни банки: Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка заедно направија профит од 40 милиони евра во првото полугодие годинава. Со тоа го потврдија нивниот капацитет да ја влечат напред македонската економија по првиот бран на корона вирусот.

Профитот на Стопанска банка Скопје годинава во споредба со истиот период лани е понизок за 1,7 милиони евра и тоа во најголема мерка се должи на падот на останатите приходи од работење во комбинација со растот на резервациите за кредитни пласмани.

Во првата половина на годинава оваа банка има нето приходи од камати кои изнесуваат 30 милиони евра и се за 1 отсто односно 303.000 евра повисоки од лани. Клучно за растот на нето приходите се намалените расходи за камати што годинава ги платила банката во споредба со истиот период лани.

Очекувано, заради влијанието на намалената економска активност паѓаат (како и кај сите други банки) нето приходите од провизии и надоместоци. Така за првото полугодие тие изнесуваат 5,75 милиони евра што е за 563.000 евра помалку од истиот период лани.

Заради ситуацијата намалени се и останатите приходи од дејноста во однос на истиот период лани. Тие изнесуваат 2,2 милиони евра и се за 850.000 евра пониски од реализацијата лани.

За сметка на зголеменото ниво на кредитирање во првата половина од годинава растат резервациите за кредитните пласмани за 563.000 евра во споредба со лани. На 30 јуни годинава нивниот износ е 7,2 милиони евра. Втора најголема трошковна ставка на Стопанска банка Скопје се трошоците на банката за своите вработени. Тие за првите шест месеци изнесуваат 7,15 милиони евра што е за 289.000 евра повеќе од истиот период лани. Од тука е очигледна грижата на банката за својот кадар.

Стопанска банка Скопје е во кредитна експанзија во корона време. Кредитирањето за шест месеци порасна за 76,6 милиони евра и достигна 1,16 милијарди евра. Депозитната база на крајот на јуни е на ниво од 1,35 милиони евра што е за 5 милиони евра повеќе од нивото на крајот на минатата година.

Вложувањата на банката во хартии од вредност (државни н.з.) за шест месеци порасна за 28,9 милиони евра и изнесува 170 милиони евра на крајот на јуни годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген