Која банка ќе ја исплати највисоката дивиденда? Изнесува 2.560 денари за акција!
Објавено во: Економија 03 Април, 2024 08:24
На изненадување на целата инвеститорска заедница дивидендниот аутсајдер „Силк Роуд Банка“ ќе исплати бруто дивиденда од 41,6 евра по акција. Лани оваа банка имаше супер успешна година во која добивката по акција изнесува 211,5 евра
Акционерите на „Силк Роуд Банка“ ги дочекаа своите пет минути! Годинава за секоја акција оваа деловна банка за секоја акција ќе исплати бруто дивиденда од 2.560 денари по акција! Ова досега е најголемата исплатена дивиденда во апсолутен износ на нашиот пазар. Единствена банка која историски гледано може да биде конкурента и да подели повисока дивиденда е НЛБ Банка. А тоа ќе го дознаеме наскоро односно најдоцна до средината на идниот месец кога ќе бидат објавени предлозите за претстојното редовно собрание на НЛБ Банка.
Податокот за дивидендата е официјална информација од најновата објава на „Силк Роуд Банка“ достапна на следниот линк https://mse.mk/mk/announcement/1/4/2024/%D0%A1%D0%B8%D0%BB%D0%BA-%D0%A0%D0%BE%D1%83%D0%B4-%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%90%D0%94-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/Financial-data-and-dividends
Како и да е Силк Роуд Банка во досегашната корпоративна историја на Македонија е банка која исплаќа најголема дивиденда мерено според критерумот апсолутен износ на дивиденда по акција.
Според официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност „Силк Роуд Банка“ има издадено 12.014 обични акции. Номиналната вредност на секоја акција е 36.111 денари. Во пребарувањето на берзански историски параметри кои се јавно достапни не успеавме да најдеме податоци за трговската шифра односно тикерот ALFB под кој на нашиот пазар на капитал се тргува таа акција.
Од податоците кои се јавно достапни се гледа дека оваа банка на своите акционери ќе им исплати половина милион евра дивиденда во бруто износ. Тоа значи дека 50.000 евра ќе наплати УЈП по основ на задршка на данок за правно лице - акционер во таа банка.
Податоците кои се објавени на сајтот на Македонска берза покажуваат дека „Силк Роуд Банка“ има приход во вкупен износ од речиси 10 милиони евра. Добивката по оданочување е нешто повисока од 2,5 милиони евра. Добивката по акција изнесува 211,5 евра, а дивидендата изнесува 41,6 евра во бруто износ. Наједноставно кажано оваа мала деловна банка во условите на силната конкуренција работела лани со профитна маргина од 25 отсто. Односно повеќе од една четвртина од нејзините приходи се профит.
Овој параметар покажува колку е профитабилен банкарскиот бизнис во Македонија.
Инаку во „Силк Роуд Банк“ е преименувана македонската подружница на грчката „Алфа банка“ која работеше на нашиот банкарски пазар. „Силк Роуд Банк“ е во сопственост на Силк Роуд АГ инвестициски фонд регистриран во Швајцарија. Овој фонд ја купи тогашната македонска „Алфа банка“ за 1,2 милиони евра во 2016 година. Тогаш во пакет секоја акција на „Алфа банка“ беше продадена по цена од 117 евра.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




