17 Декември, 2025
0.0497

„КОЈ ВЕЛИ ДЕКА УКРАИНА ЌЕ ПОСТОИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ? - Медведев повторно жестоко се заканува

Објавено во: Свет 15 Јуни, 2022 11:15

Добивај вести на Viber

Дмитри Медведев, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, утринава на својот канал „Телеграм“ објави порака која дава увид во актуелното размислување на високите руски кругови за ситуацијата во Украина.

Во пораката, Медведев го доведе во прашање украинското барање да добие гас оваа зима со можност за одложување на плаќањата за две години.

- Ја видов пораката дека Украина сака да добие течен природен гас од своите странски сопственици со плаќање за испорака за 2 години. Во спротивно, едноставно ќе замрзне следната зима. Само прашање. А кој рече дека за две години Украина дури и ќе постои на мапата? Иако на Американците веќе не им е грижа - тие толку многу инвестираа во антирускиот проект што се друго за нив е ситница... -  напиша Медведев.

Ден претходно прикачи слика од мачка која лежи со порака „се чека следната рунда санкции“.

Ова е далеку од првпат Медвед да провоцира со своите објави. Тој пред една недела објави криптична порака на „Телеграм“.

- Често ме прашуваат зошто моите публикации во Телеграм се толку груби. Одговорот е дека ги мразам. Тие се копилиња и изроди. Тие сакаат смрт за нас, Русија. И додека сум жив ќе направам се да исчезнат - изјави Медведев.

Една недела претходно, тој рече дека шансите за политичко решение на конфликтот во Украина се намалуваат под влијание на Вашингтон и Брисел и дека Русија ќе мора да дејствува во центрите за одлучување доколку Киев користи повеќецевни ракетни фрлачи од САД да нападнат руски објекти.

Тој предупреди дека Москва би можела да ги таргетира западните градови доколку Украина користи американски ракетни системи за да изврши напади на руска територија. Вашингтон претходно објави дека испраќа високоподвижни артилериски ракетни системи М142 во Украина, со што повеќе од двојно ќе се зголеми дострелот на артилеријата на неговата армија.

Во мај Медведев исто така предупреди дека снабдувањето со оружје на Украина ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, што може да се претвори во нуклеарна војна.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки