07 Мај, 2024
0.0229

Кој станува рамноправен во „Фершпед“ со таткото и синовите Накови?

Објавено во: Економија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ плати 860.000 евра за да купи фирма која нема никаков бизнис освен тоа што поседува речиси 7 отсто од акциите во „Фершпед“. Сега „Макошпед“ контролира директно и преку „Магнум Медиа“ 20 отсто од акциите во „Фершпед“ и е рамноправен партнер на досега неприкосновените татко и синови Накови. Што може да се случи ако еден голем акционер во „Макошпед“ кој е многу ранлив (н.з.) реши да откаже „љубов“ на „своите“ и да се приклони кон „нова партија“ со еден мега магнат на кој реално му треба доверлива шпедиција? Ќе треба ли да интервенира некој од големите банкари да се бара компромисно решение во кое ниту една страна нема да биде задоволна, а сите ќе се ранливи и послушни?

Малата скопска шпедиција, со славно минато, „Макошпед“ стави под контрола 6,8 отсто од акциите на „Фершпед“ за што плати околу 860.000 евра. „Макошпед“ посредно го зголеми своето учество во акционерската структура на „Фершпед“ така што ги откупи сите други удели од косопственикот на „Магнум Медиа“ фирмата која го поседува „Супер Х Трејд“ компанијата која е акционер во „Фершпед“ и поседува 6,8 отсто од акциите.

 Сега „Макошпед“ е убедливо најголем поединечен акционер во групата „Фершпед“ која освен што е најголема шпедиција е доминатен сопственик на хотели во Охрид и во Скопје и голем акционер во скопската кондиторска индустрија „Европа“. Новата трансакција со сопственоста врз „Магнум Медиа“ го направи „Макошпед“ рамноправен партнер на таткото и синовите Накови кои заедно поседуваат околу 24 отсто од акциите на групата „Фершпед“.

Каков е сега распоредот на силите во „Фершпед“?

Дали е ова интерес на Кочо Моцан, Илија Гечев и повеќе од 600 домашни физички лица – мали акционери во „Макошпед“?

Особено интересно е тоа што оваа трансакција за купување на „Магнум Медиа“ помина со (премолчно или отворено? н.з) одобрување на Илија Гечев, еден од најголемите и најспешни македонски бизнисмени ко-сопственик на металната индустрија ИГМ која лани има приходи поголеми од 100 милиони евра. Неговата компанија има потреба од доверлив шпедитерски партнер и веројатно заради тоа Гечев преку ИГМ си купи 16,6 отсто од акциите во „Макошпед“. Други клучни партнери во „Макошпед“ се Кочо Моцан преку неговата компанија „Мепком“ (која беше голем акционер во стечаецот „Технометал Вардар“) и „Уготур“ услужна компанија за која се шпекулира дека во нејзиното оперативно управување големо дури и пресудно влијаение има еден од тројцата Накови. 

Одлуката за откуп на уделите на Александар Михајлов во „Магнум Медиа“ беше донесена на акционерско собрание на 28 мај, а е објавена сега (на СЕИ НЕТ ) што значи дека трансакцијата е реализирана, а „Макошпед“ на Михајлов му исплатил околу 860.000 евра за 66 отсто од уделите во штипската фирма „Магнум Медиа“.

Што е значајно да знаеме за „Супер Х трјед“, а е поврзано со „Фершпед“?

Поранешен сопственик на таа фирма беше Мите Николов, познат штипски бизнисмен (роднина на Накови н.з.) што беше сопственик на „Брилијант“ големата компанија за производство на масло за јадење од Штип која сега е во сопственост на најголемата домашна кондиторско – прехранбена компанија „Витаминка“.
„Супер Х трејд“ е правен наследник на „АВТ Консалтинг“ компанија што своевремено во 2014 и во 2015 година во неколку наврати купи над 10 отсто од акциите на „Фершпед“ (откако од акционерската структура на „Фершпед“ излезе Кираца Трајковска н.з.)

( Р. Ф.)

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот