29 Април, 2024
0.0244

Кој се изгорел од млеко, ќе дува и на јогурт: Што им се случи на инвеститорите?!

Објавено во: Анализа 15 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

По завршувањето на големата депресија во еден инвестициски фонд се даваат огласи за вработување на аналитичари за акции и обврзници. Интересно е дека во тој оглас се барале исклучиво луѓе без работно искуство. Бидејќи ваков тип на оглас, за таков тип на работа е исклучително невообичаен новинарите се заинтересирале зошто се бараат баш таков тип на кадри. Оној кој го водел процесот на селекција рекол дека луѓето кои не ја осетиле депресијата ќе носат многу подобри одлуки. Изминатиов период таквото правило се покажа и на нашава, па ако сакате и на регионалните берзи. По големиот наплив во 2007 година кога на берзата и се случи народ како што знаат да велат нашиве политичари, шест години потоа живо пиле не ја прелетува берзата. Човекот кој ги вработувал луѓето многу добро знаел што депресијата психолошки им направила на инвеститорите. Секој човек кој доживеал удар од 80-90% (секако надоле) знае дека потоа многу тешко е да се вратите на берзата. Голем број на луѓе кај нас го доживеааја токму тоа и поради оваа причина веќе не ни помислуваат своите тешко заработени пари да ги вратат назад на берзата. Потребна е веројатно цела една генерација на инвеститори да ги снема од земјата за потоа да го снема и стравот. Многу е тешко по краховите кои ги доживеавме на берзата повторно да се решиме на инвестирање. Посебно кога во дадени моменти делува дека не фукционираат фундамнетите, едноставно немате причина зошто да инвестирате. Во меѓувреме дури и на ваква, никава берза постојат можност барем за малите инвеститори да поминат добро, доколку имаат доволно знаење и потребна доза на храброст. Една од главните причини поради која старите инвеститори не се враќаат назад е дека веројатно беа научени на многу, многу големи добивка. Нешто како Грците кои беа научени на високи плати кои само растат. Кога пукна балонот луѓето само го бараат тоа што го загубиле и никако не може да се соочат со реалноста. А реалноста на домашната берза е дека такви добивки веројатно само може да сонуваме во догледно време. Во таква ситуација новите мерки со кои не се плаќа данок на капитална добивка се надеваме дека ќе привлечат некои нови инвеститори. Затоа што на старите играчи таквите мерки ама баш ништо не им значат затоа што тие имаат акумулирано огромни капитални загуби за кои ќе им треба години да ги покријат. Па еве неколку табели за новите инвеститори. Првата опција што да правите со вашите слободни пари е да ги орочите, во денари или евра притоа во основа ќе ги добиете следниве каматни стапки (камата реално е два пати помала од таа во табелата бидејќи ова е процент кој го добивате доколку два пати по шест месеци ви седат парите во банка): Во меѓувреме да видиме на што може да се надевате доколку се решите за акции на нашата берза: Најпрво неколку објаснувања: - Дивидендата е бруто (значи се намалува за персонален данок, освен за компании на кои им се исплаќа целиот износ) -Дивидендата е од минатата година, што би рекло не значи дека ќе се повтори -Дадена е добивка по акција за третиот квартал со цел да се види како стојат овие фирми во успехот за 2012 година  Како принцип е добро да бирате акции со следниве критериуми:  1.Барајте акции кои носат дивинда 2.Барајте компании кои може да бидат превземени (немаат доминантен сопственик) 3.Барајте компании на кои можете да им ги разберете извештаите и во кои не се кријат подводни бомби кои може да ви направат голем проблем во иднина Како што гледате две од четири акции имаат остварено добивки поголема од ланската дивиденда веќе во третиот квартал. Телеком  веројатно ќе има поголема добивка од овие 42 денари, додека Комерцијална Банка со продажбата на нејзината зграда (во завиност од тоа како тоа ќе се книжи и какви резервации ќе има, може да оствари сосема солидна и значително подобар резултат од досегашниот). Притоа три од четирите фирми во основа немаат доминатен сопственик, иако за очекување е ако во некој период има услови за превземање прва на удар да биде Комерцијална Банка. Фундаментално значи доколку компаниите во април/мај поделат слични дивиденди како минатата година може да се надевате на значително поголем приход од оној остварен во банка. Ова е сепак само фундаментално гледање на ситуцијата. Како што сме пишувале порано фундаментите многу пати не значат ништо. Некоја акција може да е добра за купување ако носи 10% дивиденда, но може да биде подобра на друга цена кога дивидедната ќе носи 20% принос. Фундаментите се добри, но тие само моментална слика на акцијата а таа може да се менува многу, првенствено поради психологијата на луѓето кои знаат да се однесуваат крајно нерационално. Најголема работа која добриот инвеститор треба да ја знае е да може да ги процени тие нерационални однесувања на пазарот и доколку погреши на време да ја напушти позицијата и во спротивно да дозволи добивката да расте. Затоа треба да се следат трендовите, а на нив ќе вратиме во наредниот текст. Милан Димитриоски