Кој плати 350.000 евра за лиценцата на словенечки „Фруктал“?
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2022
„Фруктал Мак“ ќе плати вкупно 390.000 евра за лиценците на словенечкиот бренд „Фруктал“ и на српски „Нектар“. Податокот за вреднувањето на словенечката лиценца е доказ за тоа колку е значајно градењето бренд препознатлив по квалитет и доверба кај потрошувачите.
Скопски „Фруктал Мак“ ќе плати 350.000 евра за лиценца со која словенечкиот популарен бренд „Фруктал“ одобрува производство и продажба на негови продукти. Ова е дел од зделката меѓу заинтересирани страни во која е вклучена и српската компанија „Нектар“ која исто така е познат регионален производител на сокови.
Скопски „Фруктал Мак“ освен лиценца на словенечки „Фруктал“ ќе плати и за лиценцата на српски „Нектар“. Таа е знајачно поевтина и за нејзино користење скопската фирма ќе плати 40.000 евра.
Независната ревизија ангажирана согласно законските предиспозиции дава позитивно мислење за оваа зделка меѓу македонска, словенечка и српска компанија – сите производители на сокови.
Во најкратки црти: скопски „Фруктал“ се обврзува да купи од словенечки „Фруктал“ репроматеријали и суровини до износ од 780.000 евра, а за лиценцата и за дистрибуција и други услуги да плати до 600.000 евра.
Од друга страна македонската фирма на словенечката би и продала и наплатила полупроизводи во вредност до 430.000 евра и репроматеријали и суровини до износ од 40.000 евра.
Истовремено од српски „Нектар“ скопски „Фруктал“ би купил суровини и репроматеријали во вредност до 1,2 милиони евра, а за дистриуција би платил до 65.000 евра.
Од друга страна „Нектар“ од скопски „Фруктал“ би купил сокови и исрупи до 50.000 евра, полупроизводи до 200.000 евра и отпадна амбалажа до 10.000 евра.
Вкупната вредност на зделката може да изнесува до 5,4 милиони евра, а со кредит од словенечката фирма скопски „Фруктал“ би можел да покрие 2 милионие евра.
Повеќе детали за оваа зделка може да прочитате на следниот линк SEI Net V
Ревизорите даваат препорака до малите акционери на „Фруктал Мак“ од Скопје да гласаат за зделката затоа што утврдиле дека зделката е по пазарни услови и во согласност со законските прописи во земјава.
Р.Ф.