КОЈ ПЕЕ ЗЛО НЕ МИСЛИ: (ВИДЕО) - Али Ахмети се распеа пред големиот вечерашен митинг во Чаир
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 16:02
Артан Груби, прв вицепремиер во земјава, на својот фејсбук-профил објави видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее патриотска песна заедно со косовскиот пејач Илир Шаќири.
Во описот на видеото Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“
А пред да го објави видеото со лидерот Ахмети, кој е прилично распеан, Груби на својот профил на Фејсбук го најави митингот што вечерва ДУИ ќе го одржи во Чаир.
Во најавата за митингот тој ветува невиден спектакл, особено за младите.
„Ми недостига ваква мобилизација и еуфорија што го чека националниот лидер Али Ахмети во Скопје! ... Големи и мали зборуваат дека доаѓа и ќе дојдат да му ја слушнат наредбата! И ви ветувам невиден спектакл денес на нашиот митинг, особено за младите. Не пропуштајте, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг каде ќе се гради иднината“, напиша Груби.
Инаку, на денешниот собир во Чаир, кој е закажан за 19 часот кај спортската сала „Шабан Трстена“, ќе присуствува и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Овој митинг доаѓа по минатонеделната онлајн кампањата „Да, тој доаѓа“ која предизвика серија реакции во јавноста.
Од Огнените нема да присуствуваат, иако Чаир се смета за нивно упориште.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




