14 Декември, 2025
0.0990

Кој од „земање крв“ наплати над 17 милиони евра?

Објавено во: Економија 15 Април, 2022 10:47

Добивај вести на Viber

Најпрофитабилните три лаборатории се воедно и најголеми по остварен приход од продажба на услуги. Агрегатот од добивката на трите лаборатории лани изнесува 6,8 милиони евра и тоа е речиси дупло повеќе од 2020 година

Бизнисот со лабораториски услуги и лани беше број еден во Македонија. Најголемите приватни лаборатории ја зајакнаа својата пазарна позиција во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Во вакви услови на работа со зголемен број на пациенти кои прават најразлични хемиски анализи најголемите приватни лаборатории лани ги зголемија приходите за 70 отсто во споредба со претходната 2020 година.

На нашиот пазар на приватни лабораториски здравствени услуги и лани продолжија да доминираат „Авицена“ и „Биотек“. За разлика од 2020 година, лани во големата тројка лаборатории се приклучи „Никоб“. Ова го покажуваат официјални податоци достапни од базата на Централниот регистар.

Убедливо најголем пазарен учесник лани е „Авицена“ со приход од 7,1 милиони евра. Оваа компанија лани ги зголемила приходите за 52 отсто во споредба со претходната година. Најголемата приватна компанија за лабораториски услуги лани остварила профит од 2,8 милиони евра. Добивката на ова друштво пораснала за 75 отсто во споредба со 2020 година.

Најголем раст на приходите од лабораториски услуги лани има скопски Биотек. Лани од нивните услуги за „земање крв“ наплатиле 6,1 милиони евра. Тоа е за 2,2 пати повеќе од 2020 година. Добивката лани во споредба со претходната споредбена година пораснала за 1 милион евра и  достигнала 2,6 милиони евра.

Новиот играч во големата тројка е Никоб кој лани влезе во фокус на јавноста, меѓудругото, со отворање на здравствени пунктови на повеќе гранични премини. Лани оваа компанија направи приход од 4 милиони евра. Од тие пари 1,4 милиони евра останале како чист профит.

Вкупниот профит на најголемите три лаборатории лани изнесува 6,8 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе од профитот на најдобитните три лаборатории во 2020 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година