27 Април, 2024
0.0386

Кој македонски супер бренд во корона ја зголеми добивката за 4 пати?

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Нема зима за препознатливите пијалоци на „Прилепска пиварница“. Во корона услови со бројни рестрикции компанијата бележи пад на приходи од само 15 отсто дома, но со успешна стратегија на менаџментот друштвото заврши со профит од 1,34 милиони евра. Воедно и обврските се намалени за 15 отсто во споредба со 2019 година

„Прилепска пиварница“ лани имаше исклучително успешна година. Добивката достигна 1,34 милиони евра, што е за четири пати подобар резултат од 2019 година и тоа во услови кога заради пандемијата приходите се намалени за 15 отсто, покажуваат официјалните финансиски резултати на единствената домашно поседувана пиварница.

Менаџментот на „Прилепска пиварница„ лани имаше исклучително прецизна и ефикасна стратегија која даде одличен резултат. Оптимизацијата на трошоците секогаш беше три чекори пред намалените приходи и тоа овозможи друштвото да оствари профит од 1,3 милиони евра. И при тоа менаџментот успеа да ги намали обврските на друштвото за 14 отсто. Навистина исклучителна година.

Приходите од продажба лани, заради бројните ограничувања особено во вториот квартал, изнесуваа 26,1 милиони евра што е за 15 отсто послабо од 2019 година. Речиси целиот приход од продажба друштвото го реализира на домашниот пазар. Продажбата дома на друштвото му донесе 26,09 милиони евра.

Оперативните расходи на компанијата лани изнесуваат 25,2 милиони евра и се за 20 отсто пониски од претходната споредбена година. Најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 10,5 милиони евра. Тоа е за 10 отсто помалку од 2019 година. Набавната вредност на трговските стоки лани однесе 4,6 милиони евра што е за 39 отсто помалку од претходната година. Најголем процентуален пад од 42отсто има кај останатите трошоци од работењето кои лани изнесуваат 2,05 милиони евра.

Со ваква оптимизација на трошоците менаџментот успеал лани да оствари оперативна добивка од 1,2 милиони евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од лани кога компанијата завршила со минимална загуба од оперативното работење.

Значаен стимул на крајниот резултат дадоа и финансиските приходи на друштвото кои лани изнесувале 303.000 евра, а по одземање на финансиските расходи на компанијата и носат 269.000 евра. Нето добивката на „Прилепска пиварница“ лани изнесува 1,34 милиони евра.

Од податоците од билансот на состојба вреди да се истакне дека лани се намалени обврските за 14 отсто и тие изнесуваат 3 милиони евра. Останатите побарувања лани биле на ниво од 11,5 милиони евра, а книговодствено компанијата има акумулирана добивка од 27,5 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра