Кој купи акции од 1,1 милиони евра на Комерцијална банка во блок-трансакција?
Објавено во: Економија 31 Март, 2023 12:45
Вчера на берзата помина блок трансакција од 1,1 милиони евра со акциите на Комерцијална банка, што може да се види во дневниот берзански извештај.
Според податоците од берзата, во блок трансакцијата е истргувана количина од 5.230 акции по просечна цена од 12.845 денари, што упатува на тоа дека вкупната трансакција е на сума од 67 милиони денари, или 1,1 милиони евра.
Всушност, оваа цена која што била постигната на блок трансакцијата е за околу 400 денари повисока од просечната цена по која се тргува овие денови со акциите на Комерцијална банака, а познавачите велат дека оваа трансакција малку ги кренала цените по кои редовно се тргува.
Засега нема официјални информации кој е продавачот, односно купувачот на овие акции од најголемата македонска банка, а претпоставки говорат дека може да се работи за инвестициски фонд.
Во моментов единствен акционер кој поседува акции над 5 отсто во Комерцијална банка е компанијата Адора инженеринг, која располага со 14,99 отсто од капиталот.
Во структурата на акции на Комерцијална банка, има 327 акционери домашни компании со 51,69 отсто од капиталот. Потоа, 5.250 домашни физички лица поседуваат 45,97 отсто од капиталот. Во Комерцијална банка акции поседуваат и 15 странски компании кои располагаат со 0,79 отсто, како и 76 странски физички лица, чиј процент е 1,55 отсто.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




