15 Декември, 2025
0.0573

КОЈ ЌЕ СЕДНЕ ВО ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ОТА? – Собранието ќе избира нов шеф задолжен да ја води замената на УБК

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2023 10:42

Добивај вести на Viber

Поради истек на мандатот на сегашниот директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА), до Собранието, како надлежно за нејзиното работење, е доставен предлог за објава на нов оглас на кој ќе се бараат кандидати за нов „шеф“ на ОТА.

Како што е наведено во документот доставен пред пратениците, „Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција (во понатамошниот текст ОТА)“.

Притоа е посочено дека за директор на ОТА може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија, има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно седми VII/1 степен на образование во: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки. Кандидатите исто така треба да имаат најмалку десет години работно искуство по завршување на образованието во претходно споменатите области.

-  Пријавата за учество на овој оглас, личната биографија и документите со кои се докажува исполнување на условите во оригинал или заверена копија на нотар, заинтересираните кандидати треба да ги поднесат до Собранието во рок од 10 дена од денот на објавување на одлуката во „Службен весник на Македонија“. Објавата освен во службен весник ќе биде пренесена и во другите печатени медиуми во земјава, поточно во весниците „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха“ – се наведува во предлог решението доставено во Собрание.

Согласно законските процедури, Собранието на Македонија во септември 2018 година го избра актуелнот директорот на ОТА, Зоран Ангеовски кој завршил Факултет за безбедност во Скопје. Тој ја поминал неговата 29 годишна кариера во Службата за државна безбедност, Агенцијата за разузнавање и Телеком. Од 2008 година работел во неколку домашни и странски компании.

Во членот 4 од Законот за оперативно-техничка агенција е утврдено дека мандатот на директорот изнесува пет години и дека за избор на директор се објавува јавен оглас. Условите кои треба да ги исполни едно лице за да биде избрано за директор на ОТА се утврдени со законот и се предвидени во Предлог одлуката.

Инаку ОТА настана на крајот на 2018 година, и беше формирана со цел оневоможување на злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комункациите или операторите. Во нејзиниот домен на заштита се само електронските облици на комуникации меѓу граѓаните.

Како што им е познато на граѓаните ОТА настана по скандалите со преслушкувањето, и по објавувањето на многубројните „бомби“, или снимени разговори меѓу тогашните владини претставници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на кои дел и завршија зад решетки.

По промена на власта, се формираше ОТА која всушност ја презеде и опремата за следење на комуникациите со која дотогаш располагање Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Поентата на промените беше да се спречат повторни злоупотреби на системот, и масовни преслушкувања, или пак, нивно неовластено објавување или користење.

Согласно законските измени, ОТА иако е самостоен државен орган, не е во можност да ги слуша и нема право на пристап до содржината на следената комуникација. Имено, ОТА е задолжена да ги следи комуникациите само ако има судска наредба, заради кривични истраги или заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата.

П.О.

Фото: Clique Images on Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија