14 Декември, 2025
0.0413

КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ СО ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ? – Се бара замена на Муареми, дали идниот директор на финансиска полиција е спремен на „претреси“

Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Кој ќе седне во жешкото столче на Управата за финансиска полиција? По големиот скандал кој изби меѓу, сега веќе поранешната обвинителка Вилма Рускоска и тогашниот директор на финансиска полиција, Арафат Муареми, кој од средината на август веќе не ја раководи инситуцијата, Владата деновиве објави оглас во кој посочи дека ќе именува директор на Управата.

Согласно она што е објавено на нивната веб страна, се бара идниот директор да е државјанин на Македонија, да нема забрана за вршење дејност, да има високо образовение, како и официјални сертификати за познавање на англискиот јазик.

Идниот шеф на финансиската полиција ќе одговара пред Владата и министерот за финансии, а Владата во огласот предвидела дека кандидатите имаат рок од само пет дена да ги поднесат документите до нивната архива. Повеќе детали за оние кои се спремни до шести октомври да се пријават на огласот, може да најдете на владината веб страна.

На јавноста финансиската полиција и стана особено препознатлива по скандалот кој настана со поранешната обвинителка Вилма Рускоска и директорот Арафат Муареми. Муареми кој на оваа позиција дојде пред четири години, најавувше силна борба против корупцијата, а спротивно на најавите, Русковска посочуваше дека од таа институција нема никакви активности.

По неколкуте најави на Русковска, како обвинителка во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дека е незадоволна од работата на Управата за финансика полиција, таа испрати екипа која правеше претрес во канцелариите на УФП, посочујаќи дека наредбата е дадена по пријавана од група граѓани против директорот Муареми.

Но, по големата фама во јавноста, настана нов пресврт, кој заврши со разрешување на Рускоска, како и казни и за обвинителките кои беа вклучени во постапката. Кратко откако Основното обвинителство го ослободи Муареми од истрага и понатамошна постапка, во средината на месец август тој си поднесе оставка, наводно поради лични причини, а медиумите пренесуваа дека оставката е неизбежна поради фактот што мандатот секако му истекува.

По заминувањето на Муареми, во директорското столче седна Горан Иванов, кој пак изминатиов период имаше чести средби со претставници од обвинителство. Најпрво, тој се сретна со Исмаил Абази, кој дојде на местото на Русковска во Основното јавно обвинителство за гонење на органииран криминал, а неодамна имаше средба и со Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на  Република Северна Македонија, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Целите на овие средби е секако зголемување на соработката меѓу институциите, и „пеглање“ на комуникацијата по упадот во финансовата полиција кој го направи Рускоска.

Дали сегашниот оглас со кој се бара директор на УФП е со цел Иванов да го добие четиригодишниот мандат, или сепак, ќе се разгледуваат и другите пристигнати пријави ќе видиме наскоро.

П.О.

Фото: Принтскрин/Управа за финансиска полиција

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари