20 Мај, 2024
0.0267

Кој ќе обезбедува бесплатен јавен ви-фи интернет?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ќе обезбедува бесплатен државен вифи на отворени јавни површини до април 2022 година со поставувавање на безжична локална мрежа, а носител на проектот треба да биде јавното претпријатие Национална радиодифузија.


Основна дејност на ова јавно претпроијатие формирано од Владата е мрежно поврзување на институциите од јавниот сектор и локациите за бесплатен WiFI интернет пристап во единиците на локалната самоуправа на националната  оптичка транспортна мрежа, како и обезбедување интернет каде нема доволен комерцијален интерес за инвестиции за ваков вид на мрежи. Основна дејност се бежичните телекомуникации и одржување на радиодифузна мрежа на територија на земјата.

Претпријатието има вработени 120 лица на крајот на 2020 и бројот се намалил за 21 вработени за една година, а поседува мрежа од 135 предаватели и репетитори, како и други радиодифузни објекти и антенски системи

Во текот на 2020 година друштвото можеше да си дозволи одобрување на бескаматна позајмица на износ од 70 милиони денари за надминување на деловната криза на ЈП Национални Шуми. Претпријатието има и ненаплатени 430.396.000 денари по укинувањето на наплатата за радиодифузна такса во Македонија.

ЈП Национална радиодифузија во 2020 потрошило 300.000 евра повеќе за договори за нови привремени вработувања. Во просек од националниот буџет добива по 4 милиони евра и повеќе, претежно преку Министерството за информатичко општество и администрација, а остварената добивка во 2020, иако била кризна ковид-година, изнесувала 40 милиони денари.

Низ минатата година се потрошиле 71,5 милиони денари за плати, или 5 милиони повеќе во однос на 2019.

Листата на локации кои ќе нудат беспалтен ви-фи интернет треба да се направи во соработка со Министерството за информатичко општество на Македонија, односно Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

„До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе се одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен вифи на одобрените локации, информираат од владината прес-служба“, информираше претходно Владата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра