Кој ќе лапне бизнис со струја во индустриските зони?
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 07:40
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе склучи договор со компанија која ќе гo интегрира производството на електрична енергија од инвеститорите во индустриските зони и ќе ги продава вишоците на струја, а при тоа ќе ги гради и фотонапонските централи.
Владата на седница на 24 јануари дала согласност на ваквата идеја донесена од страна на Управниот одбор на ТИРЗ на 7 ноември лани.
Станува збор за одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на фотонапонски електроцентрали во двете индустриски зони во Скопје, понатаму Штип, Струмица, Гевгелија, Прилеп и Струга.
Ист договор за јавно-приватно партнерство има и ЕСМ со турската Фортис Електрик и бугарската Солар Про за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати. Вредност на инвестицијата треба да биде 70 милиони евра.
Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, месецов веќе информираше дека се во завршна фаза на изработка на физибилити студија за фотоволтаични централи во рамки на зоните и дека се планира капацитетот да биде од 45 до 50 мегавати, што е огромен капацитет во македонски рамки.
„И покрај тоа работиме на мерки со кои на компаниите им овозможивме да постават фотонапонски централи и струјата да ја користат за сопствени потреби, а наскоро ќе излеземе и со предлог како да се искористи вишокот струја во системот“, изјави лани во една прилика Деспотовски.
Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, беше кажано лани од претставници на странските инвестори во земјата.
Овие компании, според Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, бараа поедноставување на процедурите за поставување фотоволтаици на објектите - да нема лимит на големината на инсталацијата на фотоволтаиците на кровните конструкции на објектите, а истовремено да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за компаниите во Технолошко индустриските развојни зони.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




