05 Декември, 2025
0.0472

Кој ќе го „светне“ МВР за 960.000 евра?

Објавено во: Економија 14 Јули, 2021 07:27

Добивај вести на Viber

Најголемото министерство на тендер избра снабдувач со електрична енергија на кој за една година, по фиксна цена, ќе му плати до 960.000 евра. На тендерот во конкуренција на шест компании бизнисот да го светне МВР го доби скопската филијала на косовска фирма за трговија и снабдување со струја

Министерството за внатрешни работи ќе плати до 960.000 евра за снабдување со електрична енергија за период од една година. Тендерот за снабдување на најголемото министерство со струја го доби скопската филијала на косовската фирма за трговија и снабдување со струја „Футуре Енерџи Трејдинг енд Ексчејнџ Динамикс“ во конкуренција на шест компании за снабдување со електрична енергија. Договорот за снабдување со електрична енергија на МВР и сите негови организациски единици е јавно достапен на агрегаторот за вести time.mk

Избраниот понудувач „Футуре Енерџи Трејдинг“ дал идентична понуда за мегаватчас испорачана електрична енергија за два режим на тарифирање АВТ и за АНТ тарифа и тоа по цена од 4.227,5 денари (69 евра н.з.) за еден мегаватчас електрична енергија. При тоа во цената е вклучена и услугата балансирање со случај на несакани отстапувања – трошок што го покрива снабдувачот со електричната енергија, но не и додатоците што се плаќаат за обновливите извори на електрична енергија и додатокот за функционирање на пазарот на струја.

Од јавно достапните податоци се гледа на тендерот на МВР за набавка на струја имало 6 понудувачи, а највисоката цена за еден мегаватчас била 12.030 денари. За гаранција на понудата понудувачот обезбедил и банкарска гаранција во висина од 5% од вредноста на договорот.

Цената за цело времетраење на договорот ќе биде фиксна и непроменлива пишува во договорот. МВР е голем клиент со многу броила т.е. мерни места на најниската (од аспект на напонски нивоа) тарифа т.е. идентично напонско ниво како и кај домаќинствата. Од аспект на техничките загуби за трансформација до тоа напонско ниво цената што ја добиле на тендерот и не е висока.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата